40 годишниот Дице Трајкоски од прилепското село Штавица ги однесе овците за да го исплати извршното судско решение, зашто пари нема, а како што вели сака да го зачува образот на семејството кое цел живот маки мачи, работи по нивите од утро до мрак, но не може да заработи. Најголем дел од родот, над 4000 корени со тутун, 360 балиња со сено и 26 грла овци му однесе ланското невреме. Од тогаш до денес тој постојано тропал вели, по вратите на институциите, барал државата да му исплати отштета од 5000 евра, но освен празни ветувања, ништо не добил. Останал без пари, без можност да започне нова реколта, а сега е принуден да го даде и остатокот овци.
„Тие кажуваат, не знаеме ништо, ќе видиме, ќе видиме, денеска, утре... најсигурна работа за изборите ќе земете пари... не лажеа, не лажеа, поминаа изборите, ништо и дојдоа овие судски трошоци, покани едно-друго, што да правиме... до извршно! Мене сеното, тутунот и 26 грла овци, 5000 евра ме кошта лично мене.“
Вознемирен со солзи во очите неговиот татко 73 годишниот Спасение Трајкоски вели ова искуство не го доживеал. Се сеќава на преданијата од дедовците дека вака со овци, кози и друг добиток, со пченка и жито плаќале данок на Турците, а ете вели сега и тоа го доживеала, дури полошо е од турско. Вредни и трудољубиви да не можат да ги платат долговите.
„Никому не сме, и не сакам да бидам дури сум жив. Се што побргу да се исчистам, не сакам да ми се тропачам везден дома, вака-така крадено немам, тепано немам, и денеска правам заем за леб да јадам, ако овци имам.“
Трајкоски велат сакаат да останат чесни кон сите луѓе, без денар долг затоа велат поарно гладни и боси, отколку должници. Каконатаму ќе живеат не знаат.
„На Марјан градоначалникот му пратив писмено, еве тука носам и белешки и ги информирав се, му кажав дека оштетени сме толку и толку, му пуштив од сметка број. Дај помогнете ми, со две деца сум, со едно-друго, се му кажав. Како ќе живееме, еве од малку млекце, канта сирење и готово. Тој оствари право на земјоделска пензија 5000 денари, 800 денари дава за лекови.“
Без пари не знаат како ќе им ја обезбедуваат егзистенцијата на двете деца, зашто не се во можност ниту да засадат нова реколта, оти се плашат дека пак некому ќе должат. Надеж изгубиле во сите институции од системот. Но, Трајкоски се само едно од бројните семејства во Штавица кои се соочија со последици од невремето што го зафати атарот и селото точно пред една година. Од прилепската локална самоуправа се уште немаат одговор кога ќе бидат префрлени парите, ниту зошто доцни исплатата.
Тие кажуваат, не знаеме ништо, ќе видиме, ќе видиме, денеска, утре...
„Тие кажуваат, не знаеме ништо, ќе видиме, ќе видиме, денеска, утре... најсигурна работа за изборите ќе земете пари... не лажеа, не лажеа, поминаа изборите, ништо и дојдоа овие судски трошоци, покани едно-друго, што да правиме... до извршно! Мене сеното, тутунот и 26 грла овци, 5000 евра ме кошта лично мене.“
Вознемирен со солзи во очите неговиот татко 73 годишниот Спасение Трајкоски вели ова искуство не го доживеал. Се сеќава на преданијата од дедовците дека вака со овци, кози и друг добиток, со пченка и жито плаќале данок на Турците, а ете вели сега и тоа го доживеала, дури полошо е од турско. Вредни и трудољубиви да не можат да ги платат долговите.
„Никому не сме, и не сакам да бидам дури сум жив. Се што побргу да се исчистам, не сакам да ми се тропачам везден дома, вака-така крадено немам, тепано немам, и денеска правам заем за леб да јадам, ако овци имам.“
Трајкоски велат сакаат да останат чесни кон сите луѓе, без денар долг затоа велат поарно гладни и боси, отколку должници. Како
Мене сеното, тутунот и 26 грла овци, 5000 евра ме кошта лично мене