Во Прилеп последниве два месеца има нарушено водоснабдување. Не станува збор за алармантна ситуација, но веќе многу веќе многу често домаќинствата кои живеат во повисоките зони од градот, во населбите Точила и, Вишне, Димо Наредникот остануваат без вода, особено во ноќните часови, а притисокот е намален и преку денот. Од јавното водостопанско претпријатие смируваат дека ситуацијата не е алармантна. Меѓутоа апелираат за поголема совесност на граѓаните при нерационалната потрошувачка на вода, зашто дарежливоста на изворот „Студенчица“ поради временските прилики е намалена. Но, продолжува
и натаму кражбата на вода на жителите од руралните населби кои гравитираат од изворот па до градската мрежа, кои со чиста, квалитетна изворска вода преку диви приклучоци ги полеваат бавчите и нивите.
„Главен проблем е променливиот дотек од регионалниот водовод „Студенчица“ доаѓаат различни количини. Попатната потрошувачка од општините кои се до град Прилеп и од Долнени и Пласница имаат на моменти зголемена потрошувачка и имаме големо варирање на дотекот. Екипите на „Водовод и канализација“ вршат намалување на притисокот во вечерните часови после 11 часот, со цел да се акумулираат доволни количества вода за наредниот ден“, вели Сашо Николоски, директор на прилепското јавно водостопанско претпријатие „Водовод и канализација“.
Просечно од Студенчица доаѓаат околу 240, а за нормално водоснабдување се потребни околу 300 литри вода во секунда. Па за решавање на овој проблем се пуштени во употреба и 5 од постоечките 17 стари бунари од кои се обезбедуваат дополнителни 50 литри вода во секунда. Но, како што потенцираат надлежните од
градски „Водовод и канализација“ ова не е трајно, туку времено решение.
„Моментално се вклучени и 5 бунари со капацитет од 50 литри вода во секунда. Имаме реакции на местата каде што доаѓа вода од бунарите. Таа одговорно тврдам дека е хемиски и бактерилошки исправна, но сепак се разликува од изворската вода. И затоа апелирам да се штеди водата од „Студенчица“, бидејќи ги оштетуваме некои граѓани да мора да користат бунарска вода, а имаме доволни количества за снабдување, само од „Студенчица“, истакнува директорот Николоски.
За нормално водоснабдување во зимскиот период на градот му се доволни 260, но сега се трошат и по 350 литри вода во секунда, па не може да се задоволат потребите.
Очигледно е дека реализацијата на грантот од КФВ-банката во висина од 9,2 милиона евра не го реши проблемот со водоснабдувањето. Имплементацијата е успешна, намалени се дури за 60% загубите на вода во системот, сменета е целосно водоводната мрежа, но сепак прилепското јавно претпријатие е немоќно без соработка со другите општини, каде што се врши кражба на водата. Затоа од „Водовод и канализација„ веќе размислуваат за долгорочни решенија. Во тек се подготовките на студија за дополнителни извори.
Освен старите 17 со вкупна дарежливост од 170 литри вода во секунда, има и бушотини за 10 нови бунари. Но, во моментов нема средства за нивна изградба.
Главен проблем е променливиот дотек од регионалниот водовод „Студенчица“ доаѓаат различни количини. Попатната потрошувачка од општините кои се до град Прилеп и од Долнени и Пласница имаат на моменти зголемена потрошувачка и имаме големо варирање на дотекотСашо Николовски, директор на ЈП „Водовод и канализација“, Прилеп
„Главен проблем е променливиот дотек од регионалниот водовод „Студенчица“ доаѓаат различни количини. Попатната потрошувачка од општините кои се до град Прилеп и од Долнени и Пласница имаат на моменти зголемена потрошувачка и имаме големо варирање на дотекот. Екипите на „Водовод и канализација“ вршат намалување на притисокот во вечерните часови после 11 часот, со цел да се акумулираат доволни количества вода за наредниот ден“, вели Сашо Николоски, директор на прилепското јавно водостопанско претпријатие „Водовод и канализација“.
Просечно од Студенчица доаѓаат околу 240, а за нормално водоснабдување се потребни околу 300 литри вода во секунда. Па за решавање на овој проблем се пуштени во употреба и 5 од постоечките 17 стари бунари од кои се обезбедуваат дополнителни 50 литри вода во секунда. Но, како што потенцираат надлежните од
И затоа апелирам да се штеди водата од „Студенчица“, бидејќи ги оштетуваме некои граѓани да мора да користат бунарска вода, а имаме доволни количества за снабдување, само од „Студенчица“Сашо Николовски, директор на ЈП „Водовод и канализација“, Прилеп