Жителите на кривогаштанското село Годивље при водовод, цело лето се жедни за капка вода. Секое утро, секое семејство со трактори натоварени со пластични буриња и шишиња тргнуваат кон шахтата што се наоѓа на
приближно еден километар од селото, каде во ред полнат вода.
„Секој ден се мачиме еве два и пол месеца и повеќе, три има откако немаме вода и секоја година... во лето во сушата, во зима – мраз има, водоводот не е добро поставен цевките мрзнат и немаме и во зима вода“, вели Бранко Мицевски, еден од жителите на селото.
На маките велат им нема крај оваа сезона, зашто на пеколни горештини тие се капат во својата пот, а во чешмите во домовите не протекнува ни капка чиста вода за пиење.
„И носиме за в машина, за вагани, за капење, апсолутно за се и многу е тешко. Стравуваме дека ќе се разболиме, и самите видовте каков е бунарот нечист, но тоа е мора од некаде да се употребува некаква вода за миење садови“, се жали Анета Николоска, мајка на две малолетни деца.
Жителите се сериозно загрижени за здравјето на децата, зашто не ретко се случува тие да се разболат, а од цревни инфекции страдаат често и повозрасните жители.
„Инфекции има, населението се жали на стомачни вируси, проблеми, најголем проблем се децата, мораме да ја вриеме водата, а и тогаш не ни е сигурна, полниме вода од извори, од чешми, како ќе можеме-така“, вели Бранко Толески.
Во безизлез жителите полнат од селските бунари, но и во нив веќе секнува водата, бидејќи сушата си го наплаќа данокот. Од чешмите во селото не тече здравствено исправна вода, па сите се принудени да полнат од шахтата надвор од селото.
„И кај нас водата иди само до овде, и не може да стигне горе до резервоарите и затоа полниме вода од овде. Секое утро кога си идиме од тутун, овде кај 8 часот, трактори чекаат да наполнат вода“, додава Сашо Николоски.
Тој објаснува дека проблемот се пролонгира со години, повеќе од една деценија, откако со самопридонес од тогашни 200 марки е изграден селскиот водовот. Но, од тогаш до денес, ниту едно лето, тие немале нормално водоснабдување. Како што се зголемувал бројот на диви приклучоци од Житоше и Локвени до Годивље, кои бесправно за наводнување на нивите и бавчите и денеска ја користат водата, така се намалува дотекот на вода во селото. Мештаните реагирале постојано, барале помош од локалните власти на двете општини да го решат проблемот. Но, и од кривогаштанската каде територијално припаѓаат, и од долненската на чија мрежа се приклучени одговор не добиле.
„А, никој не дошол овде да не праша дали вода имаме или немаме, по 2000 денари дадовме, ќе ви обезбедиме вода, а никој нејќе да ни обезбеди вода...дајте шахта да направиме..сега ние и резервоар сами да си направиме треба?“, rеагира Киро Крстески.
Жителите ги обвинуваат локалните власти на двете општини дека се крајно незаинтересирани да најдат солуција. Тврдат дека без оглед на политичката провиниенција секоја локална власт без исклучок во изминатава деценија им ветувала квалитетно водоснабдување, но само пред изборите. Потоа никој не навраќал во селото се до некои следни избори. Немоќни да го привлечат вниманието на надлежните 60-ината семејства од селото молат проблемот да им биде решен.
Секој ден се мачиме еве два и пол месеца и повеќе, три има откако немаме вода и секоја година... во лето во сушата, во зима – мраз има, водоводот не е добро поставен цевките мрзнат и немаме и во зима вода.
„Секој ден се мачиме еве два и пол месеца и повеќе, три има откако немаме вода и секоја година... во лето во сушата, во зима – мраз има, водоводот не е добро поставен цевките мрзнат и немаме и во зима вода“, вели Бранко Мицевски, еден од жителите на селото.
На маките велат им нема крај оваа сезона, зашто на пеколни горештини тие се капат во својата пот, а во чешмите во домовите не протекнува ни капка чиста вода за пиење.
„И носиме за в машина, за вагани, за капење, апсолутно за се и многу е тешко. Стравуваме дека ќе се разболиме, и самите видовте каков е бунарот нечист, но тоа е мора од некаде да се употребува некаква вода за миење садови“, се жали Анета Николоска, мајка на две малолетни деца.
Жителите се сериозно загрижени за здравјето на децата, зашто не ретко се случува тие да се разболат, а од цревни инфекции страдаат често и повозрасните жители.
„Инфекции има, населението се жали на стомачни вируси, проблеми, најголем проблем се децата, мораме да ја вриеме водата, а и тогаш не ни е сигурна, полниме вода од извори, од чешми, како ќе можеме-така“, вели Бранко Толески.
Во безизлез жителите полнат од селските бунари, но и во нив веќе секнува водата, бидејќи сушата си го наплаќа данокот. Од чешмите во селото не тече здравствено исправна вода, па сите се принудени да полнат од шахтата надвор од селото.
Инфекции има, населението се жали на стомачни вируси, проблеми, најголем проблем се децата, мораме да ја вриеме водата, а и тогаш не ни е сигурна, полниме вода од извори, од чешми, како ќе можеме-така.