Достапни линкови

Финансиски потешкотии на пречистителна станица во Куманово


Пречистителната станица во Куманово
Пречистителната станица во Куманово

ЈП „Водовод“ тешко ги издржува трошоците за пречистителната станица на отпадни води во Куманово.

Пречистителната станица на кумановското комунално претпријатие „Водовод“ е една од најмодерните и најсовремените во државава, во која се пречистуваат отпадните и комуналните води. Таа функционира
За одржување на станицата за сега плаќаат само правните лица и тоа како такса. За „Водовод“ тоа е оптоварување. Морам да кажам дека ние се работиме наопаку. Прво правиме пречистителна станица која работи, а финансирањето не го решаваме
Станко Чуриќ, шеф на пречистителната станица

безмалку четири години, по претходна соодветна едукација и обука на вработените. Станко Чуриќ шеф на станицата вели дека има три бенефити од оваа станица.

„Комуналната, фекалната вода се пречистува и во реката влегува како вода од втора категорија, односно техничка вода. Тоа е најголем бенефит. Второ е што при пречистување се добива биогас, метан кој се користи за производство на електрична енергија за затоплување на објектот и за техничкиот процес за обнова на производството на биогас. И трето е добивање на милта, за која во моментот немаме решение за користење, поради што ја одложуваме на депонијата Краста во Куманово“,вели Чуриќ и објаснува дека граѓаните ја земаат милта самоиницијативно како ѓубриво за земјоделските површини.

Станко Чуриќ, шеф на пречистителната станица во Куманово
Станко Чуриќ, шеф на пречистителната станица во Куманово
„Хемиски милта ги задоволува условите како ѓубриво бидејќи нема тешки метали, но не сме испитале дали има некои патогени бактерии штетни за здравјето на луѓето“.

Меѓутоа, станицата е товар на „Водовод“ и на локалната самоуправа бидејќи не е до крај дефинирано на кој начин таа финансиски треба да се одржува. За ова Чуриќ вели:

„За одржување на станицата за сега плаќаат само правните лица и тоа како такса. За „Водовод“ тоа е оптоварување. Морам да кажам дека ние се работиме наопаку. Прво правиме пречистителна станица која работи, а финансирањето не го решаваме. Во Законот за води како основен постулат на законот пишува загадувачот да плаќа за загадувањето. Кај нас ниту еден загадувач не плаќа ништо, а пречистувачите плаќаат. Тоа се Куманово, Берово, Струга, Охрид. Граѓаните би требало да плаќаат за пречистување, ако не за тоа тогаш за загадување“,вели Чуриќ и додава дека до 2015 година сите градови во Македонија треба да имаат пречистителна станица.
Па кој нормален ќе се втурне во трошоци ако не добива ништо. Вака му е добро. Жртви сега се единствено тие што имаат пречистителни станици бидејќи треба да плаќаат. И голем проблем е за „Водовод“ бидејќи треба трошоците да ги подмирува.“
Станко Чуриќ, шеф на станицата.


„Па кој нормален ќе се втурне во трошоци ако не добива ништо. Вака му е добро. Жртви сега се единствено тие што имаат пречистителни станици бидејќи треба да плаќаат. И голем проблем е за „Водовод“ бидејќи треба трошоците да ги подмирува.“

Колку се трошоците на годишно ниво?

„За почеток трошоците се релативно мали, а ќе се зголемуваат со годините на староста. Минатата година беа околу 200 илјади евра со се плати на вработените. Оваа година сигурно ќе бидат поголеми бидејќи веќе имаме поголеми трошоци за резервни делови, за отстранување на дефекти.“

Ползата од станицата се гледа веќе во реките вели Чуриќ и за илустрација наведува:

„Има риби во реката. Штом нешто ќе се случи со рибите рибарите трчаат во пречистителна станица да видат што се случува, а никој не се прашува кој финансира. Ако имаме дефекти ние ќе ја пуштиме фекалната канализација во реката и ќе се загади водата.“

Бидејќи „Водовод“ тешко ги издржува трошоците на пречистителната станица, Чуриќ вели дека тоа неминовно треба да се регулира на поинаков начин.
„Владата ако работи по принципот на Законот за води секој загадувач да плаќа да се создадат одредени средства. Во почетокот да им се помогне на градовите кои имаат пречистителни станици. Инаку, сега се прашувам кој ќе прави станица!.
.


„Владата ако работи по принципот на Законот за води секој загадувач да плаќа да се создадат одредени средства. Во почетокот да им се помогне на градовите кои имаат пречистителни станици. Инаку, сега се прашувам кој ќе прави станица! И од политичка гледна точка ниту еден градоначалник не би сакал да создава товар на своите граѓани, бирачи ако сака да го бираат.“

Чуриќ вели дека треба да се создаде фонд во кој средствата ќе се собираат од загадувачи, бидејќи како што наведува сега Скопје не плаќа ништо за загадување на Вардар, а Куманово плаќа за пречистување на Пчиња.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG