Достапни линкови

Проблеми со водоснабдувањето во Куманово


Куманово
Куманово

Кумановци кои живеат во повисоките зони и на периферијата од градот се соочуваат со повеќечасовен или неколкудневен недостаток на вода.

Кумановци кои живеат во централното градско подрачје, во високите зони, на периферијата на градот и на високите катови изминатите десетина денови се соочуваат со повеќечасовен или неколкудневен недостаток на вода за пиење од градската водоводна мрежа.
Нема вода, седум осум дена од 14 часот до наутро
Граѓанин на Куманово

Никој од нив не ја знае причината, а таму каде што притисокот е намален и по осум часови кумановци сметаат дека е подобро отколку да им се суви славините. Надлежните од двете претпријатија „Водостопанство-Кумановско-Липковско Поле“ и „Водовод“ ја префрлаат одговорноста едни на други.
Виктор Божиновски директор на „Водовод“.

„Со помал капацитет е дотурот, а причините не ги знам.“

„Нема вода, седум осум дена од 14 часот до наутро.“

„Ја запираат и по два-три дена нема воопшто. Се усмрдуваме.“

РСЕ: Плаќате редовно?

„Плаќаме, а во овој период секоја вечер ја нема воопшто, а и тоа што има не е доволно.“

„Не може ниту да се работи. Машината за перење не може да работи, а некогаш немаме ниту за пиење“, велат кумановци.
Од потребните 220 литри вода во секунда неопходни во овој период добиваме помеѓу 150-160 литри. Затоа во одделни делови од градот, во одделни периоди од денот се јавува недостиг на вода, некаде нема вода воопшто.
Виктор Божиновски директор на „Водовод“.

Во просториите на „Водостопанство“ каде што по разрешувањето на директорот Дејан Божиновски никој не ја извршува таа функција, репортерот на Слободна Европа беше избркан затоа што попречува во работата, со упатување одговори да се бараат во „Водовод“.

Емрла Укшини раководител на експлоатација и одржување во „Водостопанство“ негира дека кумановци имаат проблем со водоснабдувањето.

„Дотур до филтерстаницата преку директниот вод е со капацитет од 220 литри вода во секунда. Тоа е доволно. Ако нема вода 10 отсто е поради тоа што водата се губи од староста на цевководот. Вода во браните нема поради полевањето на над 1000 ха површина и сушен период ,септември и октомври се невообичаено суви. Не знам дека нема вода. Индустрискиот вод беше во дефект и тие 40 литри ќе бидат пуштени.“

Виктор Божиновски директор на „Водовод“ вели дека тоа не е точно и дека:

„Од потребните 220 литри вода во секунда неопходни во овој период добиваме помеѓу 150-160 литри. На тоа се надоврзуваат уште сто литри од изворите Бедиње и Проевце, со што вкупно се 250 /260 литри вода во секунда, што не е доволно за снабдување. Затоа во одделни делови од градот, во одделни периоди од денот се јавува недостиг на вода, некаде нема вода воопшто.“

Филип Филиповски консултат во „Водостопанство“ ја префрла вината на „Водовод“:

„Водовод и Општина Куманово со неизмирување на долгови кон „Водостопанство“ континуирано ги уништуваат трајните извори на градот Куманово и го попречуваат функционирањето на претпријатието,а браните треба да се одржуваат. Тоа е невозможно без пари. Ние законски бараме да се исплаќаат долговите.“

Божиновски, пак, вели:

„Ние имавме разговори со „Водостопанство“ и сите долгови се измирени за девет месеци. Тврдам дека 99 отсто од добивките на „Водостопанство“ се од „Водовод“, тие немаат никаква наплата од корисниците на хидромелиоративниот систем. До сега,за девет месеци имаме исплатено 12 милиони денари, како што е договорено.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG