Достапни линкови

Оптимизам во Куманово


Советот на општина Куманово
Советот на општина Куманово

Кумановските советници со оценка за минатата година и проекции за годинава.

Општина Куманово зачекори во година, во која ја очекуваат многу тешкотии, но Виктор Цветковски, претседател на општинскиот Совет, вели дека има место за оптимизам. Нереализираното лани ќе се реализира годинава, а приоритети се:

„Ефикасноста на Советот. Одлуките што ги носи Советот да најдат имплементација. Имплементацијата ни е најбитен дел и тоа е нешто за што нечелно се договоривме со координаторите.“
Функционираме на високо ниво. Секогаш има прашања кои оставаат простор одредени работи многу почесто и подетално да ги разгледуваме заеднички.


За релацијата Совет – градоначалник, Цветковски вели:

„Функционираме на високо ниво. Секогаш има прашања кои оставаат простор одредени работи многу почесто и подетално да ги разгледуваме заеднички. Се договараме. Во моментов сметаме заеднички дека еднонасочниот сообраќај во Куманово не функционира онака како што е замислен. Благодетите кои треба да ги почувствуваме, се уште ги нема, затоа што треба да направиме одредени корекции.“

Куманово

Цветковски вели дека годинава може да биде многу потешка од претходната:

„Економската криза дефинитивно по многу параметри се чувствува. Стандардот на граѓаните е паднат. Можностите на локалната самоуправа и полнењето на буџетот исто така е во фаза кога не се полни соодветно од една страна, а од друга страна проекциите кои ги планираме во многу добар дел не можеме да ги реализираме од икс причини, особено Водовод, јавниот долг, и особено лани од буџетот на општината за образование беа симнати 48 милиони денари, тоа се директни инвестиции.“
Многу битни прашања се изоставени. Не ни се одговара на поставените советнички прашања. Имаме многу забелешки за работата особено на Претседателот на Советот.


Цветковски минатата година ја оценува како успешна. Донесени се важни одлуки, меѓу нив и повеќејазичноста во Советот.

Стефан Трајановски, советник од ВМРО ДПМНЕ вели дека не се задоволни од минатата година:

„Многу битни прашања се изоставени. Не ни се одговара на поставените советнички прашања. Имаме многу забелешки за работата особено на Претседателот на Советот.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG