Дел од запрашаните граѓани не знаат која е сумата, но сметаат дека моќта, привилегиите, па и кариеризмот кој во денешницата најлесно се достигнува преку политиката се можеби главните причини поради кои сите сакаат да водат политика. Виктор Цветковски, првиот човек во Советот вели дека состојбата во државата е таква, но се надева дека набргу тоа ќе се смени.
Знаете ли колку се месечните примања на советниците?
„Околу 20-30 илјади денари можеби.“
„Не сум запознаен со тоа.“
„Не. Земаат по 200, 300, 400 евра. Треба да работат волонтерски тоа е општествена функција. Тие се избрани, а немаат голем ангажман, можат да си работат и своја работа, професија, а ова за градот да дадат нешто плус, бидејќи со тоа прават кариера.“
Дел од запрашаните не ја знаат сумата, но велат дека ако тоа им е единствен начин на егзистенција, не е доволно.
„Ако работат и други работи, професии, тогаш им е многу.“
За волонтерско водење политика, запрашаните со мислење:
„Нормално дека би било подобро. Граѓаните тогаш би имале подобри услови, а тие како што прават не знам до каде ќе стигнеме. Денеска се се работи само за пари. За ситно ништо не се работи. Видиш некој бил лекар, сега е во влада, во влада има повеќе пари.“
Цветковски вели дека месечните примања на советниците се 70 отсто од просечната плата во РМ за минатата година, односно околу 13 илјади денари. За волонтерска работа:
„До сега немаме такво искуство, или парите да бидат пренасочени за друга намена. Имало идеи на пример градоначалниците да ги пренасочуваат нивните примања, но тоа не е реализирано."
Во услови на тешка економска состојба можеби овој додаток е само пополнување на семејните буџети.
„Верувајте да се работи за еден стандард кој што е во европските земји, сигурно би имало повеќе вакви примери, не би зависеле од еден ваков додаток кој што го примаат советниците. “
Дали тие 13 илјади денари се доволна причина многумина да ги запоставуваат или да се откажуваат од професионална кариера и да се занимаваат со политика?
Цветковски објаснува дек не е случај само во РМ лекари,инжењери и луѓе од други професии да сакаат да влезат во политиката. Политиката дава можности кои што во својата професија ги немаат,а чувството дека би можеле повеќе го гледаат токму во неа. Но, и моќта.
„По мене тоа е многу погрешна теза и мислам дека во најскоро време таа ќе мора да се напушта. Моќта не смее да биде апсолутна и моќта во политиката апсолутно треба да се базира на законите. Со интегративните процеси верувам во ЕУ не може апсолутна моќ и се мора да е во законските рамки и злоупотребите да се сведени на минимум. Првиот чин е моралната свест и моралната одговорност во политиката во европските земји.“
За полесно градење кариера во политиката, а не во научните области Цветковски преку личниот пример објаснува:
„Во делот каде што јас се усовршувам се криминалистичките истражувања. Ако во РМ најдобрите истражувања се направени кон крајот на 70 и почетокот на 80-те години од минатиот век, значи РМ вложувала во истражувањата. Но, тогаш криминалитетот бил на многу ниско ниво, сега криминалитетот е на многу високо ниво, имаме многу раслојувања на многу нивоа, а државата не вложува во такви истражувања.“
Според Цветковски истражувањата и во другите научни области се на најниско ниво, а политиката пак е навлезена во сите пори на општеството, па и на градскиот пазар обичниот човек прво зборува за политката.

Треба да работат волонтерски тоа е општествена функција. Тие се избрани, а немаат голем ангажман, можат да си работат и своја работа, професија, а ова за градот да дадат нешто плус
„Не. Земаат по 200, 300, 400 евра. Треба да работат волонтерски тоа е општествена функција. Тие се избрани, а немаат голем ангажман, можат да си работат и своја работа, професија, а ова за градот да дадат нешто плус, бидејќи со тоа прават кариера.“
Дел од запрашаните не ја знаат сумата, но велат дека ако тоа им е единствен начин на егзистенција, не е доволно.
„Ако работат и други работи, професии, тогаш им е многу.“
За волонтерско водење политика, запрашаните со мислење:
„Нормално дека би било подобро. Граѓаните тогаш би имале подобри услови, а тие како што прават не знам до каде ќе стигнеме. Денеска се се работи само за пари. За ситно ништо не се работи. Видиш некој бил лекар, сега е во влада, во влада има повеќе пари.“
Имало идеи на пример градоначалниците да ги пренасочуваат нивните примања, но тоа не е реализирано