Достапни линкови

Кумановски „Водовод“ во акција за наплата на сметките


Дел од кумановци реагираат на големите суми
Дел од кумановци реагираат на големите суми

Службите на кумановски „Водовод“ интензивно работат на наплата на неплатените сметки.

Виктор Божиновски, дирекотор на локалното Јавно претпријатие „Водовод“ од Куманово вели дека службите интензивно работат на наплата на ненаплатените сметки од приватните и од правните лица, со што и касата на препријатието сега е во подобра финансиска состојба.
А дел од граѓаните пак, реагираат дека се вчудовидени од големите суми, според нив законски застарен или долг од пред една деценија, кога сметките редовно ги плаќале.
Наплата на водата за разлика од минатата година кога беше сериозно мала последните четири до пет месеци се чувствува подобрување. „Водовод“ се враќа на нормалните 65-68 отсто, од кои поголем процент на наплатата е кај правните лица, околу 80 отсто, а кај граѓаните е од 30-35 проценти.


„Наплата на водата за разлика од минатата година кога беше сериозно мала последните четири до пет месеци се чувствува подобрување. „Водовод“ се враќа на нормалните 65-68 отсто, од кои поголем процент на наплатата е кај правните лица, околу 80 отсто, а кај граѓаните е од 30-35 проценти. Се уште не е задоволително. Но, сите служби на „Водовод“ работат на подобрување на наплатата на сметките.“

Граѓаните се жалат од сметки за застарени долгови?

„Не се работи за застарени долгови, тие на време се тужени, тоа е акција и на територија на целата Општина. Тие корисници и претходно имале неплатени сметки, постапките во судот течат. На овој начин сакаме да ги натераме граѓаните да ги намалат долговите кон ЈП дури и на повеќе рати, за да ги расчистат долговите, а ЈП да ја зголеми својата работа. Гарантирам дека сите корисници до еден се утужени и било кој корисник на Водовод, и секој корисник може да дојде во ЈП за да провери.“

Виктор Божиновски, директор на ЈП ,,Водовод" од Куманово
Кумановка која пред извесно време добила сметка со заостанат долг од околу 20 илјади денари за период од 2001 до 2005-та година раскажува:

„Ги чувам белешките од 2007-та до 2010-та година, а на ниту едната од нив не пишува дека имам заостанат долг, па не ми е јасно таа сума од каде е.“

А опомена?

„Опомена не сум добила и отидов во „Водовод“, а таму ми рекоа дека треба да склучам договор дека ќе го платам долгот, во спротивно водомерот ќе ми биде исклучен. Потоа и дојдоа дома да интервенираат.“
Ги чувам белешките од 2007-та до 2010-та година, а на ниту едната од нив не пишува дека имам заостанат долг, па не ми е јасно таа сума од каде е.


За да не остане без водомерот, односно без вода, таа платила две илјади денари од сумата. И вели:

„Ако бидам принудена ќе морам да ги плаќам тие сметки.“

Директорот вели дека сите граѓани со заостанат долг се тужени. Проверивте ли?

„Бев и во судот и видов дека не сум тужена. Бев и кај правобранителот, таму ми кажаа дека имало и други поплаки од граѓани. Таа го консултирала градоначалникот, но тој и одговорил дека таков е принципот за плаќање на заостанатите сметки.“

Запрашан колку време граѓаните треба да ги чуваат сметките, за да не им се случуваат вакви непријатности особено во времето кога тешко обезбедуваат егзистенција, директорот Божиновски со одговор:

„Нема никаква обврска. Тоа секој граѓанин сам си одлучува.“

Оштетената кумановка на ова вели:

„Мислам дека никој од 2001-та година не ги чува сметките. За последните неколку години ги чуваме, и затоа не верувам дека имам таков долг.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG