Достапни линкови

Куманово четири дена без вода


вода недостиг
вода недостиг

Четири дена околу 70 илјади граѓани на Куманово немаат вода за пиење и употреба во домаќинствата поради дефекти на водоводните цевки во градската водоводна мрежа. Неизвесно е кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Граѓаните на оваа непријатна ситуација реагираат,бидејќи се принуднеи да се снаоѓаат кој како знае и умее

Четири дена околу 70 илјади граѓани на Куманово немаат вода за пиење и употреба во домаќинствата поради дефекти на водоводните цевки во градската водоводна мрежа. Неизвесно е кога ќе се нормализира водоснабдувањето. Граѓаните на оваа непријатна ситуација реагираат,бидејќи се принуднеи да се снаоѓаат кој како знае и умее:

,,Многу тешко.Во текот на денот има по неколку часа и тоа не тече,туку капе. Собираме во садови за да можеме да ја користиме водата,а веќе 4-5 денови не можеме ниту да се капеме,ниту садови да миеме”.
Вон секоја памет е кога владеат вируси и кога се апелира да се мијат рацете и да се одржува хигиената, да немаме вода


,,Никако.Вон секоја памет е кога владеат вирусии свинскиот грип и кога се апелира да се мијат рaацете и да се одржува лична хигиена, да немаме вода. Ова не потсеќа на 2001 година,но тогаш бевме подготвени”.

,,Јас живеам во таканаречената висока зона и веќе пет дена немаме вода.Бевме подготвени два дена да се воздржиме кога „Водовод“ најави чистење на филтерстаницата,но сега сме нервозни бидејќи не можеме ниту да се искапеме,ниту садови да миеме. Среќа имаме бунар во близина па некако техничка вода позајмуваме”.

Граѓаните вината ја насочуваат кон:

,,Човечки фактор”.

,,Надлежните што раководат со претпријатието. Требале да ги предвидат последиците,а не пет дена д анема вода”.

,,Надлежните служби.Одговорен е „Водовод“.

Директорот на „Водовод“ Виктор Божиновски вели дека дефектите се поради застарениот цевковод кој пука на одредени места,што е последица на целосно исклучување на системот поради чистење на басените во филтерстаницата во деновите на изминатиот викенд.
Дејан Божиновски од „Водостопанство“ пак вели дека чистење на филтерстаницата не се врши во декември,туку од април до октомври. Тој смета дека „Водовод“ не знаат како треба да работат и дека не се исклучени и понатамошни дефекти во цевководот.
Градоначалникот Зоран Дамјановски за овој проблем вели:

,,Ние пуштаме по 150 литри во секунда вода од алтернативниот извор.Ако потрае ова ќе обезбедиме цистерни со техничка вода.Се надевам дека денеска или утре ќе се нормализира водоснабдувањето”.

Според Дамјановски цевководот е стар околу 50 години и затоа има дефекти.

Во сезоната на свинскиот грип и на останатите заболувања,единствена среќа е можеби тоа што кумановската болница има сопствен извор од кој се снабдува со техничка вода.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG