Достапни линкови

Пари нема, трошоците притискаат


Нов бран поскапувања, се потешко покривање на трошоците и згора на тоа најава за присилно наплатување на долговите преку извршители...

Кое е првото нешто на кое помислувате по земање на месечниот приход? За што вообичаено чекате редица во банка? Ако уште не Ви текнува, еве едно поконкретно прашање: Зошто извршител би Ви се појавил пред врата со закана дека ќе ви ја земе покуќнината?
Кога станува збор за сметките за струја, вода, парно, телефон и слично, се отвораат многу дополнителни прашања. Првото, секако е дали популарно наречените режиски трошоци се соодветни на нашиот стандард. На оваа тема разговаравме со Моника Дебарлиева од Скопје, која има просечен приход и од неодамна живее сама:

„Нормално дека е потешко да се покријат режиските трошоци бидејќи морам сама да ги покривам, од мојата плата, знаеме дека пократ тоа друго ништо не останува.“

Соодветни се нашиве сметки на стандардот што го имаме?

„Па, не се. Мислам дека не се, а и со овие покачувања секој месец мислам дека е малку нереално да се очекува такво нешто.“
Сметките тие се. За ЕВН пет сметки, за вода четири
сметки.

Дали се снаоѓате со кредити за да ги покриете режиските трошоци?

„Се уште не, но сум дошла во ситуација да морам позајмувам дали од родителите или пријатели за да можам да си ги покријам најосновните режиски трошоци, а не пак нешто друго.

Сметките најтешко се покриваат

Како се чувствуваат оние кои не живеат сами? Оние кои од месечните приходи мораат да одвојат пари за сметки, но режиските трошоци не ги плаќаат сами? За ова разговаравме со Бојан Бошков од Скопје. Тој вели дека една од главните пречки за да започне самостоен живот се токму давачките за струја, вода и парно:

„Човек за да живее сам, прво киријата е скапа, второ сметките не би можел да си ги дозволам. Така што не знам, можеби во иднина.“


Жителите во урбаните средини неретко размислуваат дека трошоците во град се помали од оние во руралните средини. Има елементи кои го подржуваат ова тврдење. Додека во скопско кафуле за флаша пиво се плаќа од 70 до 110 денари, во кафеана во валандовскиот регион цената е двојно помала. Според оваа логика, трошоците на село би биле поскромни од оние во град и доследно на тоа, на жителите на руралните средини би требало да им остануваат повеќе пари за режиски трошоци. Типичен пример дека оваа логика е погрешна се жителите на селата од прилепскиот регион. Илина Адмачевска од село Ропотово вели дека со сметките едвај врзува крај со крај:

„Си плаќаме ако имаме, ако немаме ќе почекаат малку. Договаравме на тутун, не сакаат, ни праќаат луѓе, извршители... Инаку ние сакаме да подмириме сметки, кој е тој што не сака.“

За истиот проблем се жали и Назим Ахметовиќ од село Лажани. Тој вели дека од водовод сакаат да му наплатат заостанат долг за вода која не ја користел:

„Нема проблем за потрошена, да. Еве сега да пуштиме вода, капка ќе нема.“

Сметките им го загорчуваат и животот на стечајните работници од Куманово, кои деновиве, условно кажано, отуидоа на одмор во нивната импровизирана плажа која ја нарекоа „КуКу Кабана“.

„Сметките тие се. За ЕВН пет сметки, за вода четири сметки...“

Се чини дека плаќањето сметки им паѓа најтешко на оние кои или немаат никаков приход или на оние кои живеат со подпросечни или една просечна месечна плата. Согласно податоците на Државниот Завод за статистика, за едно четиричлено семејство да ја наполни трпезата потребни се нешто повеќе од 11.000 денари. Од просечната плата на едно четиричлено семејство, во теорија, му остануваат уште 9.000 денари за сметки и за останати трошоци. Во теорија, оваа пресметка изгледа идеална. Но, од тука се поставуваат и многу прашања. Првично постои неофицијалната проценка дека 70 проценти од вработените не ја заработуваат месечната просечна плата од 20-тина илјади денари. Понатаму, оваа математика на државната институцијане изгледа не го зема предвид фактот дека Македонија, според проценките на меѓународни организации, е лидер по стапката на невработеност во регионот и пошироко. Дополнително, ако се разложат бројките на Статистика, испаѓа дена со месечната просечна плата на секој член од семејството му се доволни по 100 грама млеко дневно и две парчиња леб. Колку останува за сметки? Ова прашање е посебно важно имајки го предвид и фактот дека во пресметките на Статистика не се вклучени трошпоците за комуналии, школување, сретства за лична хигиена, храна превоз и слично.
Ако на граѓаните не им се сложува математиката, заостанатите долгови се неминовна појава. За сега за неплатени сметки пристигаат опомени и тужби, но од догодина над главата на жителите на земјава може да им застане и заканата од извршители. Дел од жителите на Скопје зад микрофон се жалат дека им се заканува закана за присилна наплата на радиодифузната такса. Од тука се поставува и прашањето дали со присилната наплата државата ќе добие пари или само конфискувани предмети? Професорот Ѓорѓи Тоновски вели дека присилната наплата може да се изврши од три категории граѓани:
Јас сум стечаец, живееме со една пензија. Ако дојде да видиме што ќе биде, ќе го испратам од дома.



„Има една категорија граѓани која што спаѓа во оние најтешки социјални случаи која што и натаму ќе се занимава со проблемот дали да плати, како да плати и зошто да плати сметки за разно разни комунални услуги, таа категорија веројатно и натаму ќе остане проблематична.“

Другите две категории не се толку проблематични, туку повеќе се или неодговорни или отсутни од земјава, додава Тоновски:

„Не се проблематични од аспект на ниво на некаква сиромаштија, туку или се неодговорни кон себе и општеството, па не ги плаќаат тие сметки или пак сметаат дека нема потреба да ги плаќаат тие сметки, дека никој ништо не им може, дека можат да живеат на грбот на општеството. Мислам дека околу таа категорија овој закон ќе има некакво влијание.“
Времето во кое што се најавува законот за ивршување е лицемерен, затоа што најголем дел од побарувањата, не само на фирмите, туку и кај граѓаните се должат заради обврските што државата ги има кон стопанството, генерално. Тоа значи доцнење на плати, доцнење на исплата кон изведувачи и слично.

Законот за извршување е најсоодветен токму за оваа група неодговорни потрошувачи, вели деканот на Првиот приватен универзитет во Македонија, и дополнува:

„Третата категорија би била онаа што еднаш годишно ги плаќа сметките за викендиците, за викенд становите или пак доаѓа еднаш годишно во државата, или пак двапати годишно е надвор од државата. Зависно како се применува тој закон, бидејќи тоа е категорија која што знае дека при првото доаѓање тука, ќе треба да ги расчисти тие сметки.“

Најава за присилно наплаќање преку извршители

Што мислите за законот за извршители? Ова прашање им го поставивме на анкетираните во рубриката хајд парк на нашата интернет страница www.makdenes.org.

„Јас сум стечаец, живееме со една пензија. Ако дојде да видиме што ќе биде, ќе го испратам од дома.“

„Мислам дека народот нема пари, нема од каде. Невработени, нема редовно плата.“

„Па би требало, би требало да бидат попродуктивни, побрзи, уште судот малку да се растерети има многу предмети заташкани, така што се надеваме.“

Од мартовските протести на стечајците пред владата

„Луѓето немаат работа.“
Ниту една нормална влада не го прави ова. Вие создавате една категорија на луѓе кај кои што создавате погрешна престава за системот, во смисла ако должите нешто кон државата, таа мора да ви го наплати тоа во услови кога вие неможете и тоа создава секогаш една мрачна претстава за самиот систем


„Што се однесува до мене, јас редовно ги плаќам, 50 години редовно ги плаќам.“

Од Министерството за Труд и социјална политика потсетуваат дека државата ќе им помага на социјалните случаи за покривање на најосновните давачки за сметки:

„Согласно донесениот нов закон, во целата таа констелација на ситуации во епицентарот секогаш се граѓаните, особено најсиромашните. Согласно тој закон, владата во секој момент може да донесе програма за дадената година, меѓутоа оваа година носиме програма за субвенционирање на сите корисници на социјална помош по сите основи, за субвенционирање до 10 евра, за т.н. енергетска сиромаштија.“

Миновски додава дека освен субвенции за справување со таканаречената „енергетска сиромаштија“ владата пред почетокот на училишната година ќе им помага на социјално загрозените и во покривањето на трошоците за образование:

„Тоа претпочитаме затоа што знаеме дека претходно основното, а сега и средното образование е задолжително, да сите оние корисници на социјална помош кои имаат деца да добијат одредена субвенција од 1000 до 1200 денари за одење на училиште.“

Примената на законот за ивршување да се одложи

Од опозицијата, пак, забележуваат дека државата и самата должи пари и доследно на тоа, притисокот за присилна наплата од населението е неоправдан. Зоран Заев од опозициската СДСМ вели дека терминот во кој се најавува Законот за извршување е лицемерен:

„Времето во кое што се најавува законот за ивршување е лицемерен, затоа што најголем дел од побарувањата, не само на фирмите, туку и кај граѓаните се должат заради обврските што државата ги има кон стопанството, генерално. Тоа значи доцнење на плати, доцнење на исплата кон изведувачи и слично... На крајот ефектот е кај граѓаните на кои што се сака да им се наметнат вакви строги мерки преку законот за извршување.“
Мислам дека народот нема пари, нема од каде. Невработени, нема редовно плата

Примената на законот треба да се одложи, смета Заев:

„Владата ги има образложенијата, заради кризата. Зошто тогаш заради кризата навистина не се одложи целосно ваквиот закон и се стави во примена кога навистина државата пред се редовно ќе си ги плаќа обврски и сите јавни инсититуции ќе си ги плаќаат своите обврски кон домашните правни и физички лица.“

Заев додава дека присилната наплата нема да влее пари во народната каса или на сметките на јавните претпријатија, поради тоа што државата нема пазар каде би ги продавала предметите кои извршителите би ги конфискувале:

„Во државата нема купувачи, затоа што состојбата сега не е тешка само кај најсиромашните туку и оние побогатите, и фирмите кои што беа гиганти се ,,клекнати на колена.“

Упатените исто така се скептични дека заканата за присилна наплата ќе помогне во прибирањето на пари за побарувањата на неколкуте државни и едната приватна фирма кои ги „коваат“ сметките. Професорот Илија Ацески вели дека ваквиот метод на наплата е непопуларен:

Протест на стечајците во јуни во Скопје

„Ниту една нормална влада не го прави ова. Вие создавате една категорија на луѓе кај кои што создавате погрешна престава за системот, во смисла ако должите нешто кон државата, таа мора да ви го наплати тоа во услови кога вие неможете и тоа создава секогаш една мрачна претстава за самиот систем.“

Ацески додава дека судејки по искуството од други земји, овој метод на покривање на побарувањата не е применлив на долг рок:

„Тоа според некои искуства во другите држави, тоа создава една мачна претстава за системот во кој што се живее. Инаку во една нормална процедура кога државата нема како да ги наплати своите побарувања, тоа е единствениот и најтрагичниот начин кој создава една нездрава атмосфера и обично тоа се практикува, почнува и се прекинува заради тоа што создава една нездрава атмосфера.“

И додека власта најавува дека од догодина ќе се испраќаат извршители, додека опозицијата критикува и додека експертите се сомневаат во ефективноста на присилната наплата, на граѓаните со просечни примања им останува да прават математики. Нашата соговорничка Моника Дебарлиева која од неодамна се снаоѓа во самостојниот живот, вели дека по сите пресметки, нема пари единствено за една работа:

„За луксуз нема некаков простор.“

Ребаланс
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:22 0:00
XS
SM
MD
LG