Македонија ги дочекува кошаркарите, кои постигнаа историски успех на ЕП во Литванија, освојувајќи го четвртото место. Тие со специјано брендиран двокатен автобус, откако ќе поминат низ градот, на плоштадот Македонија заедно со граѓаните ќе ја прославаат победата.
По натпреварот со Русија, кој го загубија со четири коша разлика, македонските репрезентативци, беа испратени во соблекувалните со силен аплауз. Сепак и покрај високото четврто место, тие не го криеа своето разочарување.
„Целото првенство го играме така и многу е тешко кога ќе изгубиш на крај, многу блиску до бронза, за две секунди еден кош, многу е тешко“, вели капитенот Перо Антиќ.
Владо Илиевски изјави дека едвај чека заедно да слави со народот.
„Дефинитивно сме среќни, горди и со полно срце. Единствено за што жалиме е тоа што нашите навивачи коишто се дојдени тука и навивачите коишто не гледаа низ цела Македонија не го добија тој посакуван медал, ама еднаш животот дава, еднаш зема.“
Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски, по вчерашниот пораз од Русија изјави дека тешко го доживеале поразот.
„Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој што го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце, не се предававме до крај, сепак Русија е голема велесила во кошарката.“
Но, илјадниците луѓе кои вчера го следеа натпреварот на скопскиот плоштад, ни малку не се разочарани што Македонија остана без бронза.
„Одично, четврто место е злато за Македонија.“
„Премногу сме горди на македонската кошаркарска репрезентација, им благодариме што направија Македонија да ужива во феноменалната славеничка атмосфера.“
„Заслужуваме да славиме и треба цела Македонија да слави.“
Не стивнуваат ни коментарите на социјалните мрежи, еве дел од нив:
„Табелата вика дека сме четврти во Европа. Не ми е гајле. Во моите очи сме први - во светот.“
„Литванија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Турција, Италија... Сите овие земји би се менувале со нас ако им го понудиме нашето четврто место. Зарем тоа не е доволна причина за гордост?“
„Македонското знаме меѓу четири НБА ѕвезди. Непроценливо. Бо Македонецу, ти си нашата гордост.“
„Ги прогласувам кошаркарите Мекејлеб и Антиќ за куќни пријатели, а Дамјан и Војдан Стојановски за роднини.“
„Што ќе им е бронза, денеска доаѓаат на плоштад па ќе имаат бронза колку сакаат:)“
Според плановите за свечениот пречек и прослава, централниот дел од свеченоста треба да започне во 13 часот и 30 минути на плоштадот. Кошаркарите прво ќе им се обрататат на присутните, ќе се пеат навивачки песни, ќе се слави најголемиот успех на македонската кошарка во историјата.
Малото финале против Русија се гледаше на голем видео-бим на скопскиот плоштад:

Целото првенство го играме така и многу е тешко кога ќе изгубиш на крај, многу блиску до бронза, за две секунди еден кош, многу е тешко.Перо Антиќ, капитен на кошаркарската репрезентација
„Целото првенство го играме така и многу е тешко кога ќе изгубиш на крај, многу блиску до бронза, за две секунди еден кош, многу е тешко“, вели капитенот Перо Антиќ.
Владо Илиевски изјави дека едвај чека заедно да слави со народот.
„Дефинитивно сме среќни, горди и со полно срце. Единствено за што жалиме е тоа што нашите навивачи коишто се дојдени тука и навивачите коишто не гледаа низ цела Македонија не го добија тој посакуван медал, ама еднаш животот дава, еднаш зема.“
Премногу сме горди на македонската кошаркарска репрезентација. Им благодариме што направија Македонија да ужива во феноменалната славеничка атмосфера.Анкетиран граѓанин.
Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски, по вчерашниот пораз од Русија изјави дека тешко го доживеале поразот.
„Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој што го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце, не се предававме до крај, сепак Русија е голема велесила во кошарката.“
Но, илјадниците луѓе кои вчера го следеа натпреварот на скопскиот плоштад, ни малку не се разочарани што Македонија остана без бронза.
„Одично, четврто место е злато за Македонија.“
„Премногу сме горди на македонската кошаркарска репрезентација, им благодариме што направија Македонија да ужива во феноменалната славеничка атмосфера.“
„Заслужуваме да славиме и треба цела Македонија да слави.“
Не стивнуваат ни коментарите на социјалните мрежи, еве дел од нив:
„Табелата вика дека сме четврти во Европа. Не ми е гајле. Во моите очи сме први - во светот.“
„Литванија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Турција, Италија... Сите овие земји би се менувале со нас ако им го понудиме нашето четврто место. Зарем тоа не е доволна причина за гордост?“
„Македонското знаме меѓу четири НБА ѕвезди. Непроценливо. Бо Македонецу, ти си нашата гордост.“
Ги прогласувам кошаркарите Мекејлеб и Антиќ за куќни пријатели, а Дамјан и Војдан Стојановски за роднини.Коментар од социјалните мрежи.