Достапни линкови

Во очекување на мечот со Шпанија


Респект за противникот, но и оптимизам и еуфорија пред натпреварот на македонските кошаркари со репрезентацијата на Шпанија.

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се бори за медал на ЕП во Литванија. До овој најголем успех во историјата на мак баскетот, нашите кошаркари дојдоа по четвртфиналната победа над домаќинот на Еуро, што предизвика огромна радост во домашната јавност и позитивни критики во светските медиуми, според кои, иако сензационален, пласманот во полуфиналето е апсолутно заслужен. Причина за тоа се феноменалните игри на избраниците на селекторот Марин Докузовски, кои со прикажаното ги изненадија и домашните кошаркарски работници. Еден од нив е и легендарниот македонски кошаркар Благоја Георгиевски - Буштур, според кого за овој подвиг заслужен е комплетниот национален тим.
Резултатот е колективен, на клупата, играчите, раководството, па и на навивачите кои беа таму да ги бодрат. За да се постигне ваков резултат мора да „спојат сите коцки“ што се вика.
Благоја Георгиевски- Буштур, поранешен кошаркар.

„Резултатот е колективен, на клупата, играчите, раководството, па и на навивачите кои беа таму да ги бодрат. За да се постигне ваков резултат мора да „спојат сите коцки“ што се вика. Значи тој мир на клупата се пренесува и на теренот, препознатливата наша игра низ текот на овие девет натпревари ја забележаа сите така што не е случајна изјавата на тренерот на шпанската репрезентација дека и тие сега се плашат од македонската репрезентација“, изјави Георгиевски.
Успехот на македонските кошаркари се славеше до раните утрински часови
x
Успехот на македонските кошаркари се славеше до раните утрински часови

Со пласманот во полуфиналето, Македонија обезбеди настап на наредното Европско првенство, кое во 2013-та година ќе се одржи во Словенија, како и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри наредната година во Лондон. Тоа значи дека следна цел е финалето, а со тоа и директен пласман на Олимпијадата, за што в петок (16.30 часот) ќе треба да се совлада актуелниот европски првак Шпанија. Георгиевски посакува таков епилог, но и не крие дека противникот делува недопирливо. Затоа, шансата за освојување медал ја гледа во мечот за третото место.
ќе победиме.“
Шпанија за нас е „мало дете“ што би рекле кај нас во Штип, но премногу респект за Шпанија иако мислам дека тие имаат поголем респект за нас отколку ние спрема нив.
Анкетиран граѓанин.

„Нашите доволно е да ја прикажат играта којашто досега ја прикажаа и да останат на нивото на кое што се, а резултатот кој ќе биде е значајно, но мислам дека ние го постигнавме максимумот и позадоволен би бил кога би се подготвиле и концентрирале на борбата за бронзен медал, каде што може да ја имаме една Русија или Србија за противник и таму гледам поголеми шанси да успееме да го добиеме тој медал“, додаде популарниот Буштур.

Слично размислуваат и граѓаните кои до доцна во ноќта го прославуваа историскиот триумф над Литванија. И за нив Шпанците се големи фаворити.

„Се надевам дека ќе направат изненадување, момците се многу силни и дека
„Што и да правиме веќе не е битно, ова е успех, поубаво од ова не можевме да очекуваме.“

„Шпанија за нас е „мало дете“ што би рекле кај нас во Штип, но премногу респект за Шпанија иако мислам дека тие имаат поголем респект за нас отколку ние спрема нив“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG