Неколку илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот Македонија во Скопје да ја прослават победата во четвртфиналето против домаќинот, Литванија, на ЕП во кошарка. Македонија задутре игра против Шпанија во полуфиналето. Ова е најголем успех на македонската кошарка во историјата.