„Приказната Пепелашка“ за македонската кошаркарска репрезенација не застанува, јавуваат странските медиуми. Со денешниот натпревар против Русија ќе видиме дали македонската бајка ќе има „хепи енд“ со бронзен медал. Во 16 и 30 часот денеска Македонија ќе се бори со Русија за третото место на Европското првенство во Литавнија. Во финалето, вечерва во 20 часот во арената во Каунас за првото место ќе се борат Шпанија и Франција.
Во досегашниот тек на Евробаскетот, Македонија постигна седум победи и три порази, а денешен ривал Русија има биланс од девет победи и еден пораз.
Во полуфиналето, Македонија загуби од Шпанија со резултат од о 92 : 80. И покрај одличната игра, македонската одбрана немаше решение за разиграниот Хуан Карлос Наваро, кој го заврши мечот со 35 поени. НБА ѕвездата По Гасол даде 22 коша.
По натпреварот селекторот на шпанската репрезенатација на прес-конференција им честиташе на македонските кошаркари за, како што вели, нивната одлична игра со срце, разум и стил.
По натпреварот, голем дел од балканските медуими пишуваа за македонската бајка на која Шпанија не и стави тажен крај затоа што целиот Балкан и симнува капа за постигнатите успеси, затоа што тоа што го направи Македонија на ова првенство не го направи ни Србија, ни Хрватска, ни Грција, ни Италија, ни Германија.
Со денешниот наптревар, Македонија доби можност за реванш со руската репрезенација од која во осминафиналето изгуби со резултат од 63:61, откако Сергеј Мониа постигна тројка со звукот на сирената.
Селекторот Марин Докузовски изјави дека е свесен оти играчите се на крајот на силите, но како што вели, се договориле да дадат максимум на секој натпревар, па така и на овој во борба за бронзениот медал.
Со пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации, Македонија избори учество на квалификациите за Олимписките игри што ќе се одржат следната година во јули во Лондон.
Вчера се одиграа натпреварите за пласман од 5 до 8 место. Во борбата за петто место, домаќинот Литванија ја победи Грција со 73:69, а во натпреварот за седмо место Словенија беше подобра од Србија со 72:68.

Знам дека играчите се на крајот на силите, но како што се договоривме, ќе играме максимално на секој натпревар, па така и на овој во борба за бронзениот медал.