Достапни линкови

Ден на Европа


Прослава на Денот на Европа во Скопје
Прослава на Денот на Европа во Скопје

Со повеќе организирани манифестации во Македонија прославен Денот на Европа. Меѓу граѓаните надеж дека земјата еден ден ќе стане дел од европското семејство.

Барем еден ден во годината, Македонија се чуствува како ден од големото европско семејство. На прославата на Денот на Европа, најмногу му се радуваа најмалите, без разлика што е студено и што врне дожд. Тие во центарот на главниот град пееја и играа на речиси сите песни кои во себе го содржат зборот Европа. Како дел од прославата беше и трката на келнери долж улицата Македонија, потоа дегустација на специјалитети, а оние кои имааат талент за цртање, може да нацртаат што значи Европа за нив. Граѓаните, пак, иако велат дека не се баш многу информирани за Европа, очекуваат дека со влезот во Унијата, нешто ќе се смени на подобро, а како и за секоја друга работа и за оваа има скептични.
Тоа никој неможе да предвиди, но сепак јас мислам дека ќе биде подобро.


„Тоа никој не може да предвиди, но сепак јас мислам дека ќе биде подобро.“

„Секојдневно се зборува за тоа, но не знам што ќе значи тоа за нашата земја.“

Ќе се отвори ли прозорец кон ЕУ?

„Не сум учел во училиште за ЕУ и не знам ништо за тоа.“

„Ќе има многу ограничувања, ќе нема слобода, полошо ќе биде.“

Организатор на хепенингот за Европа, веќе петта година е општината Центар, во соработка со Делегацијата на Европската унија во Македонија.

„Република Македонија како земја со кандидатски статус за влез во ЕУ, прифаќајки ги европските вредности за соживот за помирување, за стабилност и просперитет со полно право го одбележува овој ден како свој и се надева дека во блиска иднина тоа и формално ќе и припаѓа во иднина“, вели градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.
Начинот на кој што го одбележуваме денешниот ден на Европа сите заедно и централната и локалната власт и амбасадорите на земјите членки на ЕУ и нашите граѓани најдобро покажува колкава е поддршката за ЕУ.

Во организирањето на прославата на Денот на Европа, оваа година се вклучи и Секретаријатот за европски прашања.

„Начинот на кој што го одбележуваме денешниот ден на Европа сите заедно и централната и локалната власт и амбасадорите на земјите членки на ЕУ и нашите граѓани најдобро покажува колкава е поддршката за ЕУ и се надевам дека тоа ќе остане така и во иднина“, вели вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски.

Амбасадорот на Европската унија во земјава, Петер Соренсен, вели дека е воодушевен од тоа што и тука Денот на Европа се слави, како во земјите членки.

„И многу сум импресиониран од ентузијазмот и европскиот дух ширум земјата.“

Видео: Прослава на Денот на Европа во Скопје.

Прослава на денот на Европа во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG