Достапни линкови

Македонски маратон до ЕУ


Македонија веќе со години е на пат кон Европа, но никако да стигне до посакуваната дестинација.

Надеж, переспектива, подобра иднина, сигурни работни места и подобрување на работничките права. Намалување на криминалот и корупцијата во земјата, подобра економска состојба, странски инвестиции, подобри здравствени услуги, подобар систем и ред во државата и нејзините институции. Вакви промени очекуваат дел од граѓаните да се случат во Македонија кога таа ќе стане членка на Европската унија. Голем дел од граѓаните, надежта за подобар живот ја гледаат во членството на земјава во
Можности поголеми за македонските граѓани, поголем проток на движење, а исто така сметам дека и економијата во тој случај ќе заживее повеќе. Значи отворени граници и припаѓање на едно европско семејство.
Унијата, како дел од современите и развиени земји, затоа што, како што велат, „со кого си таков си“.

„Можности поголеми за македонските граѓани, поголем проток на движење, а исто така сметам дека и економијата во тој случај ќе заживее повеќе. Значи отворени граници и припаѓање на едно европско семејство.“

„Па сигурно ќе биде подобро, закони кои ќе бидат прилагодени кон ЕУ.“

„Поголема заштита од војни, несреќи, спојување со европското образование, патување.“

„Сигурно дека тие не сакаат да не осиромашат, значи идејата е да бидеме подобри од она што е.“

„Значи ќе биде далеку подобро од она што е сега.“

Не може да биде полошо!

ЕУ сигурно не сака да не осиромаши, вели еден граѓанин

Дел од граѓаните велат дека добиваат впечаток оти влезот во Европската унија ни е на дофат и дека за неколку години земјава ќе биде членка на Унијата, но експертите велат дека тоа е далеку од реалноста и е лажен впечаток кој го креираат политичарите со злоупотреба на европската агенда за дневнополитички поени.

Но, не сите граѓани го делат истото мислење. Колку што едните се
Сигурно дека тие не сакаат да не осиромашат, значи идејата е да бидеме подобри од она
што е.
надеваат дека крајот на секојдневните проблеми ќе донесе членството, толку други, пак очекуваат негативни ефекти од обидите на земјава да стане дел од големото европско семејство.

„ЕУ не ни носи нас пари, тие сакаат само името да смениме. Јас сум најголем противник, за да влеземе името да го смениме, тоа е најголема лага, само ќе ни наоѓаат мани.“

„Европа не ја сака Македонија.“

„Ако влеземе што добивка ќе имаме од ЕУ? Ништо.“

Каков ќе биде вистинскиот ефект од членството на земјава во Европската унија, малкумина знаат да одговорат.

„Ќе се создаде еден систем и ред во државата каде што ќе се знаат ингеренциите, што и како функционираа, чии се одговорностите, од друга страна се ќе биде поскапо, ќе мора да работиме многу повеќе за истите пари со што нема да можеме да го имаме оној стандард на кој што сме навикнале. Сепак мислам дека ќе биде подобро.“
Ќе се создаде еден систем и ред во државата каде што ќе се знаат ингеренциите, што и како функционираа, чии се одговорностите, од друга страна се ќе биде поскапо, ќе мора да работиме многу
повеќе.

„Има многу ограничувања, се нешто треба да правиш, многу полошо ќе биде.“

Македонските граѓани веќе десетина години Македонија чекаат во чекалницата на Европската Унија, се надеват дека со самиот влез во Унијата со магично стапче ќе бидат решени сите проблеми. Последните анкети и истражувањата покажуваат високата доверба во корист на евроатланската перспектива. Последното истражувањето на јавното мислење „Евробарометар“, кое се спроведува во земјите членки и кандидатки на ЕУ, покажува дека во Македонија расте позитивниот став и чувства кон членството во оваа организација. Околу 60 проценти од испитаниците во Македонија го сметаат членството во Европската унија за добра работа, што претставува пораст од еден процент во однос претходната анкета.

Високата поддршка, бегство од реалноста

Но, експертите велат дека во ситуација кога има висок процент, значи дека граѓаните членството во Европската унија го гледаат како бегање од реалноста, место кое ќе им го понуди она што државата не може да им го даде.

Со години во чекалницата

„Се очекува дека животот ќе биде подобар, дека би имало еден „чадор“ со НАТО, со ЕУ, дека ќе се среди сето тоа, дека нема да се „повампират“ оние стари струи од порано.“

Предизборието е погоден момент за дополнително јакнење на заблудите и подгревање на лажната надеж дека со влез во унијата сите проблеми ќе изчезнат. Македонија веќе со години е на пат кон Европа, но никако да стигне до посакуваната дестинација. Политичарите додека се на власт зборуваат дека сме на вистинскиот пат, кога се во опозиција пак тврдат владечката партија скршнала од патот, странците од друга страна постојно не потсетуваат дека не треба да отстапиме од евроинтеграциите затоа што тие се единстената опција,
Се очекува дека животот ќе биде подобар, дека би имало еден „чадор“ со НАТО, со ЕУ, дека ќе се среди сето тоа, дека нема да се „повампират“ оние стари струи од порано.
а граѓаните како деца изгубени во шумата чекаат да дојде некој и да ги поведе.

„Не сум доволно информирана што значи влезот во ЕУ, секојдневно се збори, но незнам што значи тоа за нашата земја.“

„Не знам, не се учи за ЕУ во училиште.“

„Не сум баш со тоа запознаен.“

Причините за преголемите очекувања, за песимизмот како и за недоволно информираноста на граѓаните експертите ја гледаат во злоупотребата на европската агенда од политичарите за дневно политички поени како и во погрешниот начин во информирањето на граѓаните.

Граѓаните не се информирани за придобивките

Андреа Стојковски од Македонскиот центар за европско образование вели дека на луѓето треба да им се објасни како европските политики ќе се се одразат врз нивните животи. Тој додава дека не треба да им се дадат информации како на училишен час туку да им се понуди анализа и објаснување како определена политика или одлука на Европската унија ќе се одрази врз состојбите од земјава и кои се придобивките од применувањето на таква одлука.

Висока поддршка без информации

„Во Македонија 90% очекуваат дека во оној момент кога Македонија ќе стане дел од ЕУ „мед и млеко ќе почне да ни тече“. Она што треба да им се објасни на граѓаните е дека членството во ЕУ подразбира учество во политика за здрава животна средина или учество во политика на конкурентност, на трговија... Ова значи дека преку таквата политика или преку таквите чекори што ЕУ ги презема, на своите граѓани ќе им обезбеди подобар живот.“

Како пример за тоа го наведува европскиот закон за води.

„Еден од условите и правилата на ЕУ во делот на законодавството за води вели дека на секои 20.000 жители ќе треба да се обезбеди пречистителна страница за собирање и третман на отпадните води. Ако одиме во подлабока анализа практично ќе го видиме ефектот од членството во ЕУ, имаме многу поквалитетен живот бидејќи Унијата предвидува стандарди кои државите членки треба да се исполнат.“

Аналитичарот Љуљзим Хазири вели дека заблудите на граѓаните за значењето на Европската унија и придобивките се само рефлексија на нивните потреби.

„Граѓаните малку знаат што е тоа ЕУ, обично тоа го поистоветуваат со
Она што треба да им се објасни на граѓаните е дека членството во ЕУ подразбира учество во политика за здрава животна средина или учество во политика на конкурентност, на трговија... Ова значи дека преку таквата политика или преку таквите чекори што ЕУ ги презема, на своите граѓани ќе им обезбеди подобар живот.
слободата на движење односно со изнаоѓање на работа во странство имајќи предвид дека во Македонија сепак има голем процент на невработеност, и нивниот концепт на знаења за ЕУ се сведува на ова, заборавајќи дека Европа е нешто повеќе, Европа е владеење на правото, Европа е демократизација на општеството, независно судство.“

Се работи ли искрено на евроинтеграциите?

Тој додава дека дел од вината за недоволната информираност на граѓаните сносат и политичарите кои постојано зборуваат за евроинтеграции, но не нудат решение.

„Обично политичарите кога ќе споменат ЕУ се забележува дека тоа им е декларативно, затоа што да беа малку повеќе посветени на вредностите што ги наметнува една ваква Унија сигурно дека Македонија ќе беше во една таква Унија.“

Мир и стабилност, обединета Европа, сигурност и безбедност, тоа се придобивките од една страна, ако на тоа се додаде и економската и социјална сигурност и дирекно учество во светската трговија, можноста за зачувување на иднтитетот и различноста, а сепак да се биде дел од едното, а од другата страна се обврските, откажувањата од своето за повисоки цели, напуштање на административните фотељи за да дојде поквалитетен кадар, исполнување на многу критериуми за да се воведе стабилност и економски развој.

Долгата транзиција, празните ветувања на политичарите, долгогодишната изолација, немаштијата, ја потикнуваат надежта кај лугето, дека кога земјата ќе стане членка на Унијата ќе завладее благосостојба, велат социолозите.

Професор Христо Карталов вели дека луѓето се надеваат дека со влезот во Европска унија многу работи ќе се променат, дека зачленувањето во меѓународните институции само по себе ги решава сите проблеми е само вовед во уште една заблуда.

„Работите се извртеа до таква спротивност и граѓанството, но и бизнис заедницата се разочарани. Не реално е да се очекува дека преку ноќ Македонија ќе ја заплисне некаков бран на благосостојба. И нам ни е потребно да сме под чадорот на ЕУ и НАТО и за да овие наши „недоветни“ малку ги шамараат кога ќе погрешат.“

Едно од очекувањата на граѓаните е дека земјава набрзо може да стане дел од големото европско семејство. Експертите од друга страна типуваат на десетина години најмалку. Во изминативе 10 години Македонија чекори кон Европа, во 2001-та ја потпиша спогодбата за стабилизација и асоцијација а пред две години доби препорака за датум за пристапни
преговори од Европската Комисија. До конечно пристапување има уште
И нам ни е потребно да сме под чадорот на ЕУ и НАТО и за да овие наши „недоветни“ малку ги шамарат кога ќе погрешат.
многу пат да се изоди. Прво треба земјава да добие датум за преговори, следниот чекор е скриниг односно една годнина ќе помине во детален увид во состојбата во држава, имплементација на европскаото законодавство, потоа воќе следуваат неколку месеци подготовки на преговарачката позиција на европскат унија па ќе следуваат преговори кои во просек траат околу 6 години без тука да се пресмета колкав е капацитетот на македонската администрацијата за исполнување на задачите. По завршетокот на преговорите кои ќе бидат составени од најмалку 35 поглавја ќе треба сите членки на Унијата да го ратификуваат договорот со кој Македонија ќе стане членка на Унијата.

Но, додека земјава да стане членка на Унијата ќе помине низ реформи кои за многумина може да бидат и болни, вели Хазири:

„Сметам дека прво ќе се разочараат, ќе видат дека ова не е Македонија, сепак треба да се работи, да се почитуваат закони и слично и после тоа допрва ќе никнат млади кадри кои ќе ги водат граѓаните кон едно такво општество.“

Половина столетие Европската унија покажува дека Европа како целина е подобра од збирот на нејзините делови, таа има многу поголема економска, социјална, технолошка, трговска и политичка моќ, отколку поединечните напори на нејзините земји-членки. Дејствувањето како еден и говорењето со еден глас како Европска унија има поголема политичка и економска вредност, а со тоа следува и заштита на земјите членки од негативните општетвени појави.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG