Достапни линкови

Во Куманово проект „Европа до граѓаните“


Со цел едукација и информирање на граѓаните и нивно вклучување во процесот на евроинтеграции, во Куманово се спроведува проект „Европа до граѓаните“.

Куманово е првата и се уште единствена општина во државава во која функционира Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграција. Токму овој Сектор меѓу другото настојува за доближување на Европа до граѓаните, а Горан Митевски, раководител во Секторот вели:
Секторот има своја програма донесена од Советот на Општината и според неа има и свои активности што треба да ги спроведе во едукацијата, обучувањето, информирањето на општинската администрација, невладиниот сектор и другите институции кои можат да аплицираат и да добијат средства од европските
фондови.


„Секторот има своја програма донесена од Советот на Општината и според неа има и свои активности што треба да ги спроведе во едукацијата, обучувањето, информирањето на општинската администрација, невладиниот сектор и другите институции кои можат да аплицираат и да добијат средства од европските фондови.“

Аспасија Хаџишче од Министерството за образование, за тенденцијата на Општината Куманово за доближување на Европа до граѓаните, забележува:

„Организираме презентација „Европа за граѓаните“. Тоа е програма на ЕУ која го помага развојот на граѓанското општество, граѓанска иницијатива и за вклучување на поголем број граѓани во процесите на европската интеграција.“

Што мислите, како тоа во Куманово ќе се ефектуира?

Архивска фотографија

„Јас мислам дека Куманово има големи можности да развие сериозни активности во програмата Европа за граѓаните. Бидејќи ова е многу отворена општина која веќе има многу сериозно меѓународно искуство стекнато во рамките на претходните проекти.“

Хаџишче додава дека мултикултурноста е значајна за Европа.

„Самиот град исто така има многу елементи на мултикулутурализам, значи сето тоа што е значајно за Европа во новата смисла на зборот, постои и живее во Куманово.“
Организираме презентација „Европа за граѓаните“. Тоа е програма на ЕУ која го помага развојот на граѓанското општество, граѓанска иницијатива и за вклучување на поголем број граѓани во процесите на европската интеграција.

Благица Димитровска од Здружението за лицата со интелектуална попреченост „Порака - Наша“ од оваа програма очекува:

„Проекти со кои ќе им се олесни состојбата на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, во општината, но и во РМ.“

За програмата „Европа за граѓаните“ се заинтересирани бројни невладини здруженија, меѓу кои и Националниот ромски центар, за што Мартина Асановска вели:

„Се надеваме дека ќе се вклучиме во овие проекти. Ние имаме вакви проекти бидејќи нашата организација најповеќе работи за заштита на човечките права.“

Од Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграција во Куманово за наредниот период најавуваат уште многу активности кои ќе бидат од интерес на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG