Достапни линкови

Нови избори, стари ветувања


Граѓаните сакаат решавање на економските проблеми, а не само ветувања
Граѓаните сакаат решавање на економските проблеми, а не само ветувања

Ситуацијата е непроменета веќе две децении, па и на овие избори, партиите ќе „истрчаат“ со истите ветувања - економија, ЕУ и НАТО интеграциите, името, правата на Албанците...

Економијата, европската иднина, влезот во НАТО, решение на спорот за името, подобри социјални права за Албанците и остварување на Рамковниот договор. Со сета оваа артилерија партиите ќе освојуваат гласови на претстојните избори. Економијата им е главен адут и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, а битно место заземаат и евроатланските интеграции и спорот за името. Што се однесува до албанскиот блок, партиите ќе освојуваат гласови со ветувања за подобри права на Албанците и остварување на Рамковниот
Јас мислам дека треба малку да не земат во предвид.
договор. И едните и другите се со истите ветувања веќе 20 години, но овој пат граѓните будно ќе следат што ветуваат партиите и ќе очекуваат конечно да се решат процесите кои се актуелни веќе две децении, вели професор Ѓорги Тоновски.

„Мислам пред се на прашањето на името, на нашето вклучување во НАТО и со тоа дефинитивно влегуваме во еден процес не само на посмирено дејствување, туку и дејствување за исполнување на сите оние обврски кои произлегуваат од барањето за членство во ЕУ. Ова прашање не само посмирено, туку и посериозно треба да се промислува, но и да се одмотува
Да има вработување, да се отворат фабрики.
како проблем што долго време постои во Македонија.“

Граѓаните, пак, сакаат повеќе пари, вработувања и лична благосостојба, велат дека без пари, се друго им е бадијала. Но, не се надеваат дека нешто многу ќе се смени и дека политичарите за промена ќе почнат да слушаат што сака народот.

Апатија меѓу граѓаните - не веруваат дека изборите ќе променат нешто

„Јас мислам дека треба малку да не земат во предвид.“

„Да има вработување, да се отворат фабрики.“

„Да имаме за живот. Сметавме дека ќе не примат и во НАТО, тоа ми е голема желба.“

„Вработување! Другото не е важно ако сте без пари, нели.“

За апатичноста на граѓаните, дел од вината ја сносат и самите, но за дел се одговорни и политичарите, вели професор Хисен Јашари:
Вработување! Другото не е важно ако сте без пари, нели.

„Граѓаните се тие, кои ако излезат на избори и слободно гласаат, може да ја сменат власта и може да ги поттикнат политичките партии да бидат поодговорни кога ќе доаѓаат на власт. Сведоци сме на тоа дека последниве години имаше пукотници, имаше притисоци, сега се зборува дека се прават листи, луѓето да мислам дека тие не се фактор кој одлучува за идната власт“, вели Јашари.

Ветувањата во предизборието се тема и во нашата рубрика Хајд Парк. Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк - Ветувања пред избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG