Се повеќе, актуелните проблеми кои се манифестираат кај младата популација, преземање превентивни мерки за спречување на несаканите последици, како и развојот и здравјето на децата во образовните институции, меѓу себе и во семејствата, беа дел од назнаките за кои расправаа претставниците на Асоцијацијата на невладиниот сектор во Куманово. На трибината, појдовната точка беше заштита на децата од насилство и нивната злоупотреба, но и останатите теми, во што беа вклучени и стручните надлежни лица, педагози и психолози од основните и средните училишта.
Иницијативата за оваа средба на која се отповикаа сите заинтересирани, потекнала по актуелните случувања во Скопје, а Куманово како мултиетничка средина, неопходно е да преземе превентивни мерки, смета Киро Соларски од Асоцијацијата.
„Мило ми е што сите надлежни се отповикаа да расправаат на оваа тема, а асоцијацијата, покрај своите активности, ќе има и свои резултати.“
Во училиштата е вклучено учество и на родителите преку советите на родители, за што психологот Дивна Јанкова од Основното училиште „Толи Зордумис “ вели:
„Ние правиме напори во нашето училиште, имаме многу добар Совет на родители и многу добра соработка. За жал на учениците кои се со проблеми помало е присуството на родителите. Ова е едно размислување за можностите за намалување на насилството.“
А долгогодишниот педагог Мирко Зафировски, пак, додава:
„Во последно време сите сме сведоци на поведението, раскалашното однесување на нашите деца и млади. За овој разговор не би требало да биде прична Кале во Скопје, но ние во Куманово сакавме да ги пресретнеме овие работи што се случуваат во другите средини и да разговараме за однесувањето на децата. При тоа и за општиот раст и развој на децата, здравјето, успехот, движење во училиштето и надвор од него, семејството,за нивната социјализација и однесување во училиштето и надвор од него.“
На трибината која е само почеток на расправите за однесувањето и за свекупниот раст и развој на младата популација, која најчесто остава впечаток дека е препуштена сама на себе, беа презентирани и статистички податоци од неколку истражувања, кои покажуваат дека однесувањето на младите меѓусебе, но и нивната злоупотреба од возрасни лица, е состојба која загрижува. Според Соларски, се очекува ваквите расправи и будноста на надлежните во однесувањето на децата најверојатно ќе даде позитивни резултати, што е и целта на Асоцијацијата на невладините организации во Куманово.
Ние правиме напори во нашето училиште, имаме многу добар Совет на родители и многу добра соработка. За жал на учениците кои се со проблеми помало е присуството на родителите. Ова е едно размислување за можностите за намалување на насилството.
Иницијативата за оваа средба на која се отповикаа сите заинтересирани, потекнала по актуелните случувања во Скопје, а Куманово како мултиетничка средина, неопходно е да преземе превентивни мерки, смета Киро Соларски од Асоцијацијата.
„Мило ми е што сите надлежни се отповикаа да расправаат на оваа тема, а асоцијацијата, покрај своите активности, ќе има и свои резултати.“
Во училиштата е вклучено учество и на родителите преку советите на родители, за што психологот Дивна Јанкова од Основното училиште „Толи Зордумис “ вели:
„Ние правиме напори во нашето училиште, имаме многу добар Совет на родители и многу добра соработка. За жал на учениците кои се со проблеми помало е присуството на родителите. Ова е едно размислување за можностите за намалување на насилството.“
Во последно време сите сме сведоци на поведението, раскалашното однесување на нашите деца и млади. За овој разговор не би требало да биде прична Кале во Скопје, но ние во Куманово сакавме да ги пресретнеме овие работи што се случуваат во другите средини.