Достапни линкови

Непознавање на надлежностите на општините


Дебар
Дебар

Младите во Дебар многу малку ги познаваат активностите на локалните институции во градот.

Во исто време тие во изминатите години не покажуваат ниту интерес да добијат некоја подетална информација за Советот на општиниата, комисиите на Советот како и на градоначалникот. Оваа оценка произлегува од анкетата што е направена деновиве, во која беа опфатени 250 млади, спроведена во рамките на проектот „Подобрување на животот на младите во Дебар“, реализиран од страна на здружението „Месечина“.
Поради ваквата состојба, организаторот на проектот реализираше контакти со локалните власти, така што голем број млади следеа неколку седници на Советот со цел да се запознаат со начинот на донесување на одлуките, но исто така и градоначалникот и претседателот на Советот им одржаа предавања на младите, на кои е говорено за работата и улогата на советот и градоначалникот.

„Според анкетата произлегува дека младите во Дебар малку знаат за
Младите во Дебар малку знаат за процесот на децентрализација, како и работата на локалната самоуправа. Тука се мисли на работата на Советот и градоначалникот.
процесот на децентрализација, како и работата на локалната самоуправа. Тука се мисли на работата на Советот и градоначалникот. По разгледувањето
Општина Дебар
на податоците од анкетата, ние организиравме средби со претседателот на Советот и градоначалникот, и тие одржаа предавања за младите каде говореа за нивната работа и донесувањето на одлуките“, нагласи координаторот на проектот Илми Куртиши.

Проектот подобрување на живеењето на младите во Дебар покажува дека еден од клучните проблеми со кои се соочуваат младите е и беспарицата и социјалните проблеми на нивните семејства. Поради оваа состојба се предлагаат активности на здружението кое го спроведува проектот за младите, вели кординаторот Куртиши.

„Ние успеавме да направиме платформа на младите во Дебар, која согледува како да се решаваат главните проблеми. Едно од решенијата кои се предвидени е сезонска работа на младите во бизнис секторот, за време на летниот распуст. Оваа сигурно ќе им помогне на младите средношколци и студенти од Дебар да заработат за себе во текот на летото“, вели Кутриши.

Голем пробем на младите во Дебар од сите етнички заедници е и масовната миграција, како и недостатокот на културни активности.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG