Торбешите, кои како етничка заедница во Македонија се проценува дека ги има од 120 до 150 илјади граѓани, посебно во југозападниот регион на Струга и Дебар во печалбарските торбешки села, со посебна Торбешка повелба усвоена на Првиот Торбешки форум, бараат да бидат запишани во преамбулата на Уставот, со што според нив ќе биде исправена една голема неправда кон оваа популација, и ќе се создадат услови за нивно интегрирање во Македонија како единствена нивна држава и за остварување на нивните основни човекови права.
,,Нашата популација е многу злоупотребувана за целите на некои други етнички заедници и други политички партии. Сметаме дека тоа не е во ред, сакаме тоа да го корегираме и единствен начин да го постигнеме тоа е преку нашите собири и на крај искрено да кажам, на следниот попис да покажеме дека сме со некоја поголема бројка, поради што натаму ќе ни следува поголем државен колач, тоа е наше право."
вели Шериф Ајрадиноски, претседател на невладиниот културно-научен центар "Румелија", што ја изготви повелбата, со која треба да се анимираат Торбешите на претстојниот попис да се изјаснат под ова име како посебен етнос, а не како Албанци и Турци.
,,За етничките вработувања во Република Македонија има посебни квоти, сите треба правично да бидат застапени во јавната администрација. Овие луѓе иако се декларирани како Албанци, Турци и дел Македонци, го немаат местото во јавната администрација. Ние сметаме дека не има околу 150 илјади жители во Македонија кои сме реално Торбеши. Ако јавната администрација е 130 илјади, тогаш ни следуваат седум-осум илјади вработувања. Кога ќе поминете во јавната администрација, на прсти може да се избројат колку луѓе од овој етнос, што успеале да се вработат. Нашата цел е да го спречиме иселувањето, овие луѓе да почувствуваат дека оваа држава е нивна и да можат да си го најдат местото во јавната администрација, во сите структури на државата и во целото општество. - Вака се искористени за гласање и отфрлени, само за бројка да пополнат некаде, по што се забораваат. Нашата цел е да не сме повеќе заборавени граѓани, да сме дел од ова општество, како најлојални, староседелци сме во Македонија, и треба да бидеме дел од ова општество, да останеме тука и да си ги оствариме своите права."
вели Фијат Цаноски, единствен пратеник Торбеш во парламентот, претседател на политичката партија ПЕИ. "Румелија" објави и Торбешка декларација, во која се презентирани нови научни сознанија за потеклото и историскиот развој на овој етникум, каде се тврди дека Торбешите на Балканот постојат од 10-тиот век, дека имаат посебен идентитет и дека биле асимилирани и потценувани. Впишување во преамбулата во Уставот бараат и Еѓипќаните, а пред годинашниот попис, Мрежата на мултикултурно општество на Македонија со повеќе малцински етнички заедници во земјава, поради несоодветна застапеност во пописната комисија, каде нема претставник од "останатите" заедници според преамбулата на Уставот, како незаконска ја обжалија оваа одлука на владата пред Уставниот суд.