Ова е оценето на средбата што е одржана во Дебар во рамките на Проектот „Политичката култура и дијалог“ на Центарот ЦИВИЛ, кој стартуваше во Дебар, а во наредниот период активноста ќе се спроведе и во други градови од земјава. Целта на проектот е да се изнајдат решенија како во Македонија да се поттикне политичкиот дијалог, вели претседателот на Цивил Џабир Дерала.
„Треба да се слушнат, но исто така и да се канализираат мислењата, доживувањата, знаењата и фактите и притоа тие како такви да се верификуваат. Потоа ќе се види колку тие сериозно влијаат врз политичката, би ја нарекол некултура и немањето дијалог во Република Македонија која влијае врз животот на секој поединец и живеењето во секоја заедница“, нагласи Дерала.
Првата средба што се одржа во Дебар идентификуваше бројни негативни влијанија што се последица од недостатокот на политичкиот дијалог, истакнува извршниот директор на Цивил, Илир Ајдини.
„Оценките од расправата водена во Дебар се изненадувачки позитивни. Се запознавме со проблеми за кои многу малку се зборува во општеството. На лице место идентификувани се нови ситуации и тоа ни дава мотив повеќе за да го продолжиме проектот со поголем интензитет со цел да се изнајдат решенија.“
Дебарчани генерално сметаат дека отсуството на дијалогот на централно ниво влијае негативно во повеќе сфери на локално ниво.
„Во Дебар граѓаните се многу незадоволни од политичкиот дијалог, посебно од немањето дијалог на централната власт со граѓанинот за да се идентификуваат проблемите со кои се соочуваат тие на локално ниво. Сето тоа негативно се рефлектира. Негативните последици особено се чуствуваат овде во Дебар“, вели Шуип Марку од невладиниот сектор во Дебар.
Според него, негативните влијанија од немањето на дијалог се чувствуваат особено кај младите, кои во голем број ја напуштаат земјата и се иселуваат бидејќи немаат вработување.
„И ние сме граѓани на оваа земја“, вели Марку.
Во широката дебата е нагласено дека во Македонија треба да има коректен дијалог на политичките партии од власта и опозицијата, со цел да се изнајдуваат решенија за продлабочување на демократските процеси, подобрување на животот и интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.
Во Дебар граѓаните се многу незадоволни од политичкиот дијалог, посебно од немањето дијалог на централната власт со граѓанинот.