Достапни линкови

Мултикултурен дијалог во Куманово


Куманово
Куманово

Куманово, заедно со Кичево и Струга, е една од трите општини во кои се реализира проект за подобрување на односите помеѓу заедниците.

Преку проектот Активно граѓанство за меѓуетничка соработка повеќе работни групи ќе ја реализираат програмата за поддршка на Комисијата на заедниците во локалната самоуправа на Куманово. Носител на овој проект е НВО Центар за меѓународeн дијалог, а помошта на Комисијата ќе и биде засилена и со вклучувањето на НВО „Сирма“.
Линдита Реџепи проект менаџер во ЦИД вели:
Програмата е на Обединетите нации, а е финансирана од УНДП, УНЕСКО и УНИЦЕФ, кои се имплементираат во различни области. Куманово заедно со Кичево и Струга е една од трите општини во кои се реализираат овие проекти, за подобрување на односите помеѓу заедниците.


„Програмата е на Обединетите нации, а е финансирана од УНДП, УНЕСКО и УНИЦЕФ, кои се имплементираат во различни области. Куманово заедно со Кичево и Струга е една од трите општини во кои се реализираат овие проекти, за подобрување на односите помеѓу заедниците. Во Куманово подршката е од УНДП, а вклучени се ЦИД кој работи во промоција на меѓукултурен дијалог на локално и меѓународно ниво и НВО „Сирма“. Вклучени се општинскиот Совет и Комисијата за меѓуетнички односи. Целта на проектот е да се направи платформа за да се работи на идентификување на потребите во различни области во Куманово. Ќе се работи во областите од културата, образованието, религијата, вработувањето и социјални прашања.“

Виктор Цветковски, претседател на Општинскиот совет додава:

„Со работата на НВО ќе ги зајакнеме односите меѓу заедниците од причина што оваа Комисија и со Законот за локална самоуправа е замислена да ги поттикне,зајакне и да игра главна улога во сите оние сегменти на меѓуетничкиот живот и соживот и секако на соработката на заедниците на сите полиња. И во делот на религијата, образованието, социјалната заштита и се со цел Општината Куманово да продолжи во еден
Со оваа соработка на некој начин се создава вмрежување за подобрување на мултиетничкиот живот во Куманово.
интензивен напредок како и што до сега бевме примери како во РМ така и во регионот.“

Богдан Таневски од Комисијата на заедниците смета дека оваа соработка ќе помогне во подобрување на меѓуетничкиот живот:

„Со оваа соработка на некој начин се создава вмрежување за подобрување на мултиетничкиот живот во Куманово. Соработката со ЦИД и со „Сирма“ ќе ни овозможи она што ќе го сработиме да го доставиме до Советот за нејзино финансирање. Со тоа ќе ги зајакнеме капацитетите на Комисијата со што ќе се создаде поквалитетен дијалог за меѓуетничките односи во Куманово.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG