Претставници од невладиниот сектор, од локалната самоуправа Куманово, од централната власт, универзитетски професори, под мониторинг на меѓународните организации во земјава во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, направија ретроспектива на меѓуетничките односи и соживотот во оваа мултиетничка средина. Куманово град на мирот е епитетот кој го заслужува од времето на конфликтот во 2001-та година до сега, заклучија тие. Градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека Куманово е пример за меѓутенички соживот.
„По многу нешта, меѓународниот фактор, според анкетите што ги направи, Куманово го прогласи за град на мирот и го има највисокото ниво од 2001-та година по имплементирањето на Рамковниот договор. Затоа и сме примени во асамблеата на мирот. Тензичноста во Македонија на етнички план постои и во пресрет на десетгодишнината од конфликтот сакаме да испратиме порака на сите граѓани во Македонија и во Куманово дека ние сме навистина град на мирот.“
И вицепремиерот Абдулаќим Адеми смета дека минатогодишниот епитет град на мирот кој Куманово го доби во Сараево го заслужува.
„Сите граѓани, локалната самоуправа и општинските советници, се пример за другите општини. Куманово е пример за соживот и по тоа што прв во државава покрај македонскиот и албанскиот за службени јазици ги прогласи српскиот и ромскиот. Тоа е поттик за градовите во Македонија да градат соживот.“
Тој додаде дека во Куманово се отвораат средни училишта и факултет на албански и во тек е формирање на албанска драма. Тоа значи дека и младите преку интерактивна настава ќе се запознаваат и ќе ги уриваат предрасудите едни за други. Од научен аспект, за мирот и добриот соживот професор Владо Бучковски рече дека Куманово е добар пример.
„Благодарение на активностите во 2001-та година, Куманово продолжи со исто темпо за градење добар соживот помеѓу етникумите. Куманово остана светол пример кој е исклучок од правилото дека во Македонија немаме соживот каков што ние го посакуваме.“
Фериз Дервиши, како поранешен претседател на Комисијата за меѓуетничките односи во Куманово вели дека проблемите може да се решат со разговор.
„Во Општината не дозволивме никој да има штета, ниту Македонците, Албанците, Србите, Ромите. Ние проблемите ги решаваме на округла маса.“
Дервиши вели дека има тенденцијата на меѓусебно почитување и заедничко одбележување на празниците, без разлика дали се христијански или муслимански.
По многу нешта меѓународниот фактор според анкетите што ги направи, Куманово го прогласи за град на мирот и го има највисокото ниво од 2001-та година по имплементирањето на Рамковниот
договор.
„По многу нешта, меѓународниот фактор, според анкетите што ги направи, Куманово го прогласи за град на мирот и го има највисокото ниво од 2001-та година по имплементирањето на Рамковниот договор. Затоа и сме примени во асамблеата на мирот. Тензичноста во Македонија на етнички план постои и во пресрет на десетгодишнината од конфликтот сакаме да испратиме порака на сите граѓани во Македонија и во Куманово дека ние сме навистина град на мирот.“
И вицепремиерот Абдулаќим Адеми смета дека минатогодишниот епитет град на мирот кој Куманово го доби во Сараево го заслужува.
„Сите граѓани, локалната самоуправа и општинските советници, се пример за другите општини. Куманово е пример за соживот и по тоа што прв во државава покрај македонскиот и албанскиот за службени јазици ги прогласи српскиот и ромскиот. Тоа е поттик за градовите во Македонија да градат соживот.“
Благодарение на активностите во 2001-та година Куманово продолжи со исто темпо за градење добар соживот помеѓу етникумите.