Г-не амбасадоре, одговорноста барем преку медиуми за вооружениот инцидент на Блаце ја презеде ОНА. Од што мислите дека се предизвикани ваквите вооружени реакции?
Не знам кои се причините за ваквите реакции. Она што го знам е дека во моментов нема место за вооружена реакција. Не постои причина за вооружена реакција каква и да е. Политичкиот процес во земјата оди во една насока, и може да се има забелешки на тоа но насилството е надвор од тоа. Така што, како што реков, не знам кои се причините, но можам да речам дека не постои причина за какво и да е насилство денеска.
Многу елементи за страв, меѓународни реакции, откриени огромни количини оружје, комуникеа на ОНА. Постои ли опасност да ни се повтори 2001?
Сите следиме со голем интерес. Не мислам дека постои каква и да е можност да се повтори тоа денеска, не во истиот формат и како што претходно реков, многу јасно, насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тоај начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница. Во 2010 не треба да има каква и да е употреба на насилството. За се може да се разговара, да се дебатира. Понекогаш прогресот се постигнува бавно, мора да се има трпение. Единствениот начин да се превенира таква ситуација е да се ставија јасно до знаење дека какво и да е насилство нема да му донесат корист никому.
Како ги оценувате меѓуетничките односи во земјава во овој момент?
Ние работевме многу на меѓуетничките односи како ОБСЕ. Би рекол многу нешта останува да се направат. И ние рабоитиме заедно со Владата, работиме заедно со албанските политички партии како и со општинските раководства за да постигниме напредок на патот поставен со Охридскиот рамковен договор и тој останува водечки пат, водечки принцип. За да ви одговорам на прашањето денеска, треба да ги поставиме работите на средина. Врз меѓуетничките односи треба уште многу да се работи. Сепак, живееме во држава чијашто Влада е мултиетничка, којашто го има Охридскиот договор којшто е основа, којшто донесе многу уставни реформи и сега ние треба да продлжиме да работиме на тие уставни реформи. Постои секретаријат за имплементација на Охридскиот договор со којшто ние соработуваме многу блиско и потребно е овој секретаријат да напредува заедно со Владата во однос на реформите коишто се однесуваат на еднаквата застапеност, реформите во однос на децентрализацијата, реформите коишто се поврзани со образованието, со употребата на јазиците. И за тоа станува збор. На политичкиот процес треба уште многу да се работи, на меѓуетничките односи исто така, ние сакаме да видиме многу појасна позиција во поглед на интеграцијата во оваа земја, на политичките лидери, на сите етнички заедници. Би сакале да видиме дека тие ја прифаќаат интеграцијата многу појасно, пред јавноста. И тоа е мојот став во овој момент. Како што реков сосема, сосема далелку од насиството коешто затоа што насилството ќе биде осудено само по себе надвор од политичкиот процес.
Гледате ли толкав степен на влошеност на меѓуетничките односи којшто би предизвикал жестока реакција од страна на етничките заедници?
Јас нема да прифатам никаква поврзаност меѓу развојот на политичкиот процес и реакции од вооружена, насилна природа. Како што реков ниедна таква акција од насилна природа не е прифатлива. Не може да с е поврзе со ништо друго. Меѓународната заедница многу јасно го осудува насилството, затоа јас нема да прифатам никаква поврзаност меѓу тие две работи.
Меѓународната заедница повеќепати потенцирала до сега дека Охридскиот Рамковен договор е имплементиран во висок процент. Ја губи ли сето ова смилата доколку во оваа земја оружјето продолжи да „води политика“?
Оружјето не смее да води политика во оваа земја. Не мислам дека тоа се случува. Секој којшто ќе се обиде да го направи тоа реалност, ќе се стави себеси настрана од процесот. Ова е едниот дел од прашањето. Кажав неколкупати, ќе повторам уште еднаш. За каква и да е употреба на сила не смее да се постави прашпање, нема легитимитет во кои и да е услови. Пораката е јасна. Кога сме кај имплементацијата на Рамковниот договор, како што реков сме некаде помалку или повеќе на половина пат. Тој создаде позитивно придвижување нанапред, денеска во полицијата се интегрирани голем дел Албанци, состојбата не е соврешена, но постигнат е значаен напредок. Имавме законски реформи вклучувајќи ги и уставните реформи така што сето тоа е многу позитивно. Сега треба да продолжиме. Сеуште не сме ја завршиле работата со Охрискиот договор. Треба да се потсетиме на духот на интеграција на зедниците на мирен соживот и повеќе од тоа. И на тоа треба да се навратиме. Мислам дека би било некоректно да тврдиме дека во овој момент постои целосна интеграција. Мислам дека треба да работиме н атаа интеграција. Во училиштата, што е клучно, во соседството, во земјата. Треба да ја воспостиме потребата на заедниците не да живеат заедно во мир туку и повеќе од тоа. Јас мислам дека тоа е духот на Охридскиот Договор и ккао што реков многу нешта беа напреавени, многу останува да се направат, како што реков образованието, јазиците итн. Работиме на тоа сите заедено, политичките сили во Владата, македонските политчки сили, албанските политички сили, не треба да ги заборавиме и останатите заедници, вклучувајќи ја многу важната ромска заедница, и ние работиме на тоа. Не е лесно но напредуваме. Еден ден напредуваме, а следниот малку се враќаме назад, Но, сите гледаме дека од 2001 до денеска направен е огромен напредок. Не смееме да бидеме задоволни, мора да продолжиме.
Во вашата изјава објавена два дена пред да се случи престрелката вие искажавте загриженост кон изјавите на политички лидери и кон политичкиот дијалог како и спроведувањето на Рамковниот договор. Кому му ја упативте оваа порака?
На сите. Многу е јасно, изјавите на политичките лидери, секој којшто продуцира идеи за екстремизам, тоа е главната порака на изјавата што ја дадовме заедно со ЕУ, НАТО и САД во обид да покажеме солидарност со оваа земја на сите нас, претставниците на меѓународнадата заедница, во широк формат. Пораката беше многу јасна, кон секој политичар којшто повикува на екстремизам и насилство. Тоа е она што се однесува на изјаввите на политичарите, не екстремизам, не насилство не радикални идеи. Што се однесува до реформите, тие треба да продолжат, треба да продолжи агендата на реформите којашто ги вклучува сите заедници, од којашто се заодоволни што е можно повеќе претставници во рамките на македонската и во рамките на албанската заедница. Мислам дека тоа не е толку комплицирано. Мислам дека секој ја разбира целта на изјавата којашто ја објавивме минатата недела, клучот е конструктивно размислување. Никави закани нема да се исплатат.
Мислевте на конкретни настани и изјави дадени во последниот период?
Не во многу блиско минато, но имавме претходно повици на војна, повици за напуштање на Рамковниот договор, и такви нешта. Ова се нешта коишто ние мислиме дека помагаат. Исто така потенцираме одредени елементи кои се однесуваат на верските разлики и во основа се што ги разделува луѓето. Политичарите знаат многу добро кога нивниот говор ги разделува, а кога ги сплотува луѓето. Ние мислиме дека во овој историски момент, се што ги разделува луѓето, а под тоа се подразбираат заедниците, не вреди и ако содржи елементи за радикализација, секако дека ќе бидат отфрлени.
Гледате ли опасност по иднината на земјава доколку не се реши во скоро време прашањето за името како што предупреди тие денови и американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер?
Ние, ОБСЕ, мораме да бидеме неутрални во однос на ова прашање. Но, очигледно е за секого дека ако состојбата се разреши на начин на којшто ќе бидат задоволни сите земји во соседството, ќе биде добро за сите. Очигледно дека тензијата што ја создава чекањето не му помага на процесот. Како и да е јас исто така мислам дека внатрешните проблеми поврзани со тензиите мора да мора да бидат разрешени со ниовното сопствено залагање без оглед што се случува во средината. На крајот од денот, ова за што зборувавме се проблеми на заедниците коишто живеат во Скопје, во Тетово, во Гостивар итн. Тоа е тоа што е важно, животот на луѓето покрај останатите политички промислувања.
Заедничката изјава содржеше и забелешки што се однесуваат на реформите. На што точно се однесуваат забелешките во овој момент?
Како што веќе напоменав, да се продолжи со имплементацијата на Охридскиот договор. Потоа, имаме уставни реформи, реформи во законодавството. Треба да се унапреди и јас конкретно ја споменав еднаквата застапеност. Треба да се направи уште и треба да се рационализира. Тоа не е лесно. Треба да се усогласат два принципа , квалитетот на јавната администрација со еднаквата застапеност на сите заедници. Овие два принципа не можат да с еуслогфласат трака лесно, па затоа треба да работиме на тоа. Треб ада се оди понатаму и со децентрализацијата со тоа што ќе им се отстапат националните ресурси на општините што ќе ја овозможи компетенциите што ги добија и да ги практикуваат соодветно. Мораме сеуште да работиме на јазиците. Законот за јазиците е добар но мора да го релизираме. Тој сеуште не е реалност низ целата држава, во општините, во Парламентот. Мора да работиме на образованието. Ова е многу важно затоа што тоа е иднината. Тоа е тип на реформа важна во моментов затоа што како што реков таа им овозможува на заедниците да се разберат меѓу себе. Ова станува итно и неопходно затоа што како што реков, ова што го видовме е повеќе тренд на сепарација, отколку на интеграција. И на крајот имавме закон за антидискриминација којшто помина во Парламентот, Тоа е многу добар чекор, јас можам да честитам за усвојувањето на овој закон на Парламентот и на Владата којашто ја поднесе иницијативата. Законот е тука, сега треба да се имплементира. Тоа е закон којшто треба на заедниците, односно на индвидуалците во заедниците и коишто сметаат дека има елементи на дискриминација да има каде да се обратат. Споменав пет елементи, пат линиии на реформите. Мислам дека тие се најважните. Има и други но ако постигнете значаен прогрес на овие мислам дека поголем дел од содржината на меѓуетничките односи ќе бидат опфатени.
Вие откривте поразителни резултати што се однесува до работата на судиите, 43 проценти од анкетираните рекоа дека трпат притисоци. Но власта не ги прифати ваквите резултати? Очекувате ли напредок и како да се постигне тој ако не се прифаќаат ниту критиките?
Ние ја „снимивме“ реалноста во судскиот сиистем, на перцепцијата на професионалците во судската администрација. Не мора да биде прифатена или одбиена , тоа не и е намерата. Сега подготвуваме работни сесии за прецизно да ги анализираме резултатите и да видиме што може да се направи за тоа. Морам да кажам дека министерот за правда е ангажиран и согледува каде би можеле да бидат проблемите. Нам не ни е потребно и тоа не беше предмет на нашата анкета резултатите да бидат или да не бидат прифатени од било кога, туку само да ги презентираме како предмет на анализа од страна на професионалците во судскиот сиистем. Сега имаме намера да одржиме неколку работни сесии во соработка со министерството за правда за да ги анализираме резултатите и да видиме што може да се направи. Мислам дека ова е една од ситуациите каде што чашата може да се гледа како половина полна или половина празна. Во секој случај , реформата на судскиот сектор има постигнато напредок но има уште многу што да се направи. Да се направи уште многу за да се засили независноста на судството, попрецизно.