Достапни линкови

Српскиот и ромскиот станаа службени јазици во Куманово


Куманово
Куманово

Со одлука на Советот на Општината, српскиот и ромскиот јазик станаа службени јазици во Куманово. Од општината велат дека со таквата одлука општината покажува дека ги почитува правата на помалите етнички заедници.

Српскиот и ромскиот јазик, со одлука на Советот на Општината Куманово станаа службени јазици. Нивната примена во општинскиот Совет ќе започне по објавувањето во Службениот весник на РМ, а со тоа најголемата локална самоуправа во државава ќе биде пример не само за мултиетничноста туку и за мултијазичноста во јавна употреба. Виктор Цветковски, претседател на Советот, вели дека оваа одлука е
Ние и со оваа одлука покажавме дека работиме со широк политички консензус. Покажавме дека Општината Куманово и СДСМ како лидер во локалната смаоуправа имаме сенс за правата на помалите етнички заедници.
поздравена како од домашните, така и од бројните меѓународни организации и претставници во државава.

„Ние и со оваа одлука покажавме дека работиме со широк политички консензус. Покажавме дека Општината Куманово и СДСМ како лидер во локалната смаоуправа имаме сенс за правата на помалите етнички заедници и со ова нивните права ќе бидат уште еден пример како треба да се почитувааат правата на заедниците и концептот на мултиетничката средина. Да биде пример за сите во РМ и пошироко во регионот.“

Во Куманово, од вкупното население, 60 отсто се Македонци, повеќе од 20 отсто Албванци, десетина отсто Срби, 4 отсто Роми и Власи и Турци. И од овие помали етникуми има претставници во општинската Комисија за односи меѓу заедниците. Така со оваа одлука, во иднина, како службени јазици можат да се употребуваат и влашкиот и турскиот. Мислењето на кумановци за оваа одлука е поделено:

„Малку е комплицирано, предизвикува трошоци. Можеби е практично и корисно, но е непотребно.“

„Штом албанскиот може, зошто да не и српскиот и ромскиот јазик.“

„Не треба да се оптоваруваме со јазиците.“
Веќе ќе излезе закллучок, ваквиот концепт да го следат и другите мултиетнички општини во РМ. Ова да биде тренд за релаксирани односи.


„Како за сите така и за нив.“

Меѓутоа Цветковски објаснува:

„Добивме многу честитки од повеќе меѓународни организации и претставници во РМ, како што се ОН, УНДП, УНИЦЕФ, ОБСЕ, ЕУ. Веќе ќе излезе закллучок ваквиот концепт да го следат и другите мултиетнички општини во РМ. Ова да биде тренд за релаксирани односи.“

Постои ли закана за македонскиот литературен јазик во локалните заедници доколку сите го користат само мајчиниот. Цветковски со одоговор:

„Со ова не се загрозува употребата на македонскиот литературен јазик. И до сега, не секогаш беше користено правото на употребата на мајчиниот јазик, туку во одредени ситуации и за подобро разбирање се употребуваше македонскиот.“

Цветковски смета дека на овој начин ќе бидат унапредени добрите односи за соживот и тоа е уште еден показател дека Куманово има капацитет да биде составен дел на европското семејство.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG