Достапни линкови

Изучувањето македонски јазик неспорно


Англиски од прво, македонски од четврто одделение или обратно?
Англиски од прво, македонски од четврто одделение или обратно?

Албанските интелектуалци сметаат дека изучувањето на македонскиот јазик е неспорна потреба и обврска. Спорно е, велат тие, возраста од која учениците ќе почнат со изучувањето. Според екс министерот за образование Ненад Новковски корен на проблемот е што англискиот јазик се изучува од прво одделение

Воопшто не е спорна потребата, па и обврската за изучување на македонскиот јазик. Спорна е само возраста од која учениците-Албанци ќе почнат да учат македонски, велат дел од интелектуалците-Албанци.
Затоа што од нив се очекува утре да бидат и корисни членови во заедницата. А, за тој да биде корисен член во заедницата и утре да работи, и да биде носител на должности, функции и да извршува конкретни работни задачи треба да го изучува и македонскиот јазик. Тоа не е спорно и не треба да се бојкотира за сите ученици. Но, како прашање дали од прво одделение или не, тоа се дилеми кои навистина се отворени

Професор Осман Кадриу вели дека одлуката, учениците што не се Македонци да го изучуваат македонскиот јазик од прво одделение е спорна од неколку аспекти. Едниот аспект, вели тој, е законот, според кој е предвидено изучување на македонскиот јазик од четврто одделение. Другиот аспект е возраста на учениците, за кои е нејасно дали се психофизички способни за учење на уште еден јазик во прво одделение, вели Кадриу. Секој граѓанин на Македонија мора да го учи и да го знае македонскиот јазик, дециден е тој.

„Затоа што од нив се очекува утре да бидат и корисни членови во заедницата. А, за тој да биде корисен член во заедницата и утре да работи, и да биде носител на должности, функции и да извршува конкретни работни задачи треба да го изучува и македонскиот јазик. Тоа не е спорно и не треба да се бојкотира за сите ученици. Но, како прашање дали од прво одделение или не, тоа се дилеми кои навистина се отворени.“

Учениците од немнозинските заедници сега во прво одделение ќе треба да учат три јазика – нивниот мајчин, македонскиот и англиски јазик. Тие се жалат дека децата се премногу мали за да можат да учат три јазика.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека корените на проблемот лежат токму во воведувањето англиски јазик од прво одделение. Погрешно е англискиот да ја игра улогата на прв официјален јазик во Македонија, вели Новковски.

„Она што треба да биде правилно, по старо од прво, односно сега второ, да се изучува македонскиот како официјален јазик од државата, а првиот европски јазик да се изучува од четврто одделение.“

Дел од албанските интелектуалци велат дека решението можеби треба да се бара и во тоа учениците Македонци да учат албански јазик. Новковски вели дека во средините во кои живеат голем број Албанци, македонските учаници имаат можност факултативно да го учат јазикот на опкружувањето.

„Во другите нема потреба да го изучуваат, можеби во изборни предмети ако има интерес.“

Дел од експертите, пак, велат дека се работи за деликатно прашање, за кое не смее да се носат избрзани одлуки.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG