Рамковниот договор донесе повеќе позитивни одошто негативни ефекти сметаат станските експерти. Најважно донесе прекин на насилствата од конфликтот во 2001-та година. Но неговото споведување сепак не е докрај, велат експертите. Сали Брајтон која во периодот после конфликтот работеше во иницијативата за градење доверба во склоп на УСАИД и ОБСЕ вели дека институциите се посветени на исполнување на таканаречениот магичен процент на 20 отсто со што се губи поентата на договорот. Поентата на таа рамка е етничката разновидноста на јавната администрација да ги приврзе луѓето кон државата и да созададе поголема лојалност, објаснува Брајтон.Таа потсети и на уште еден проблем кој веќе осум години не е решен:
„Дека не се вратени сите луѓе кои во време на конфликтот беа сместени во прифатилишта.“
Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека има слобости во споведувањето на рамковниот договор и дека е во интерес на сите етнички заедници во Македонија да се фокусираат на негово целосно спроведување. Американскиот амбсадор Филип рикер го дели истиот став:
„Законот за јазици беше добредојден кога беше донесен минатата година. Неговата имплементација е од големо значење и тој бара дополнителна дискусија, има многу елементи во него за кои вреди да се зборува во склоп на институциите и воедно е потребно Македонија да го има тој дијалог на партнерски и етнички линии.“
вели амбасадорот Рикер.
Со Охридскиот договор се постигнати и позитивни резултати како забрзување на процесот на децентрализација со што им се овозможи на сите граѓани да бидат во непосреден контакт со локалните власти.
„Треба државата сега да не се фокусира толку многу на Охридскиот Договор, на процентот или не на процентот тука. Треба да се оди малку напред, да се гледа на некои работи кои се од општо добро, како инвестирање во образование, здравство, во развивање на кадри, развивање на економијата.“
објаснува консултантот на ОБСЕ Сали Брајтон.
Меѓународната заедница одигра клучна улога во создавање на Охридскиот договор.Во тој момент беше признато дека македонците како етникум направија некои отстапки под притисок на ситуацијата и меѓунароната заедница и можеби сега е време тие да добијат подршка за други прашања каде тие се чуствуваат дека им е загрозен идентитетот на пример - дополнува Брајтон. Денеска се навршуваат 8 години од потпишувањето на овој документ .
Не се вратени сите луѓе кои во време на конфликтот беа сместени во прифатилиштаe
„Дека не се вратени сите луѓе кои во време на конфликтот беа сместени во прифатилишта.“
Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека има слобости во споведувањето на рамковниот договор и дека е во интерес на сите етнички заедници во Македонија да се фокусираат на негово целосно спроведување. Американскиот амбсадор Филип рикер го дели истиот став:
„Законот за јазици беше добредојден кога беше донесен минатата година. Неговата имплементација е од големо значење и тој бара дополнителна дискусија, има многу елементи во него за кои вреди да се зборува во склоп на институциите и воедно е потребно Македонија да го има тој дијалог на партнерски и етнички линии.“
Треба државата сега да не се фокусира толку многу на Охридскиот Договор. Треба да се оди малку напред, да се гледа на некои работи кои се од општо добро, како инвестирање во образование, здравство