На прагот на деветгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, меѓуетничките односи повторно се доведени на точка на вриење. Инциденти, протести, откривање на големи количества оружје, стагнирање на евроинтегративните процеси, писмо од меѓународната зедница со апел политичките субјекти да не се откажуваат од договорот склучен во Охрид со кој се стави крај на вооружениот конфликт од 2001-та. Еден од творците на договорот, професот Љубомир Фрчкоски вели дека Договорот се спроведува на „туркање“ па и затоа не е чудно што меѓународната зедница упатува критики.
„Реторички се држат за него, не велат дека се против, но во пракса го спроведуваат со кочница. Посебно не се почитува еден принцип што е вграден во него и кој често се нарекува дух на Охридскиот договор, а тоа е принципот на инклузивност, а тоа е носење на закони во области кои се однесуваат на фер третманот на културата на другите.“
Недоследното спроведување на договорот отвара многу непотребни врати, се зголемува криминалот, се прават протести, а сето тоа повторно ја прави сосотјбата во државата катастрофална, вели Фрчкоски.
Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека и покрај острите критики од надвор за политиката на власта, политичарите не прават ништо за да ги подобрат работите.
„Владата за чудо, за сето тоа време ги пренебрегнува ваквите укажувања кои што во последно време беа толку остри, за што дури и не паметам дека такво нешто се случило.“
Неодамна, амбасадорите на НАТО, Европската Унија, ОБСЕ и на САД испратија алармантна порака со која се апелира политичките лидери во Македонија доследно да го почитуваат Рамковниот договор и да го подобрат политичкиот дијалог. Тоа е досега најсериозната порака од меѓународната заедница упатена директно до Владата и до политичките партии. Амбасадорот на ЕУ во земјата, Ерван Фуере во последното интерву за Радио Слободна Европа, предупреди дека се возможни внатрешни тензии во земјава, пред се меѓуетнички, доколку не се продолжи со реформите и доколку не добиеме датум за преговори.
„Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата. Тоа се разбира дека има негативно влијаение врз меѓуетничките односи, така што нашата порака и понатаму ќе биде во насока да ја охрабрува Владата да обрне внимание на приоритетите коишто ги има земјата.“
И амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луиз Хереро во интервју за Радио Слободна Европа вели дека патот поставен со Охридскиот рамковен договор треба да остане водечки пат, водечки принцип.
„Кога сме кај имплементацијата на Рамковниот договор како што реков сме некаде помалку или повеќе на половина пат. Тој создаде позитивно придвижување на работите нанапред. Состојбата не е совршена, но постигнат е значаен напредок.“
Дека има потешкотии во спроведувањето на Охридскиот договор согледува и амбасадорот на Франција во земјата, Жан Клод Шлумберже.
„Да, постојат причини да бидеме загрижени и што се однесува до Охридскиот договор и неговата имплементација и тука мислиме дека атмосферата не е најдобра. Постојат меѓуетнички тензии кои се анимирани од полемики, теми кои се деликатни. Слушнавме повици за насилни опции и сето тоа не е добро.“
Аналитичарите кои се занимаваат со меѓуетничките односи велат дека најголемата вина за последните случувања и нарушените меѓуетнички односи ја имаат политичарите кои своите интереси ги ставаат пред се друго.
„Македонија, вклучувајќи ги Албанците се наоѓа пред историско искушение за влезот во ЕУ и НАТО. Затоа во овие моменти треба да бидеме влијателни за состојбата, затоа што од ова зависи иднината на нашата земја, на идните генерации. Во спротивно сите политички партии ќе бидат одговорни за состојбата што ќе следува. Крајно време е секој сериозно да ја сноси одговорноста“, вели претседателот на здружението на Албанци интелектуалци, Авзи Мустафа.
И граѓаните кои живеат во мултиетнички средини велат дека политичарите се тие кои ги создаваат тензиите, а дека луѓето живееле и ќе продолжат да си живеат еден со друг во добри односи.
„Политичарите ги прават.“
„Тензиите ги прават само политичарите меѓу себе.“
„Владава ги прави сите тие работи.“
За да функционира едно мулитенички општесто какво што е Македонија е потребно многу повеќе од коалициона влада во која има различни етнички заедници и рамка каква што е Охридскиот договор, вели професор Мирјана Малевска.
„Потребно е многу внимателност, потребно е многу умереност, потребно е работа посветена на градење на мултиетничко општество.“
Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Македонија, потпишан на 13-ти август 2001, помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии, и специјални претставници на ЕУ и САД.
Реторички се држат за него, не велат дека се против, но во пракса го спроведуваат со кочница. Посебно не се почитува еден принцип што е вграден во него и кој често се нарекува дух на Охридскиот договор, а тоа е принципот на инклузивност, а тоа е носење на закони во области кои се однесуваат на фер третманот на културата на другите.
„Реторички се држат за него, не велат дека се против, но во пракса го спроведуваат со кочница. Посебно не се почитува еден принцип што е вграден во него и кој често се нарекува дух на Охридскиот договор, а тоа е принципот на инклузивност, а тоа е носење на закони во области кои се однесуваат на фер третманот на културата на другите.“
Недоследното спроведување на договорот отвара многу непотребни врати, се зголемува криминалот, се прават протести, а сето тоа повторно ја прави сосотјбата во државата катастрофална, вели Фрчкоски.
Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека и покрај острите критики од надвор за политиката на власта, политичарите не прават ништо за да ги подобрат работите.
„Владата за чудо, за сето тоа време ги пренебрегнува ваквите укажувања кои што во последно време беа толку остри, за што дури и не паметам дека такво нешто се случило.“
Неодамна, амбасадорите на НАТО, Европската Унија, ОБСЕ и на САД испратија алармантна порака со која се апелира политичките лидери во Македонија доследно да го почитуваат Рамковниот договор и да го подобрат политичкиот дијалог. Тоа е досега најсериозната порака од меѓународната заедница упатена директно до Владата и до политичките партии. Амбасадорот на ЕУ во земјата, Ерван Фуере во последното интерву за Радио Слободна Европа, предупреди дека се возможни внатрешни тензии во земјава, пред се меѓуетнички, доколку не се продолжи со реформите и доколку не добиеме датум за преговори.
„Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата. Тоа се разбира дека има негативно влијаение врз меѓуетничките односи, така што нашата порака и понатаму ќе биде во насока да ја охрабрува Владата да обрне внимание на приоритетите коишто ги има земјата.“
Веќе предолго време постои клима на неизвесност каде оди земјата. Тоа се разбира дека има негативно влијаение врз меѓуетничките
односи.
И амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луиз Хереро во интервју за Радио Слободна Европа вели дека патот поставен со Охридскиот рамковен договор треба да остане водечки пат, водечки принцип.
„Кога сме кај имплементацијата на Рамковниот договор како што реков сме некаде помалку или повеќе на половина пат. Тој создаде позитивно придвижување на работите нанапред. Состојбата не е совршена, но постигнат е значаен напредок.“
Дека има потешкотии во спроведувањето на Охридскиот договор согледува и амбасадорот на Франција во земјата, Жан Клод Шлумберже.
„Да, постојат причини да бидеме загрижени и што се однесува до Охридскиот договор и неговата имплементација и тука мислиме дека атмосферата не е најдобра. Постојат меѓуетнички тензии кои се анимирани од полемики, теми кои се деликатни. Слушнавме повици за насилни опции и сето тоа не е добро.“
Да постојат причини да бидеме загрижени и што се однесува до Охридскиот договор и неговата имплементација и тука мислиме дека атмосферата не е најдобра.
Аналитичарите кои се занимаваат со меѓуетничките односи велат дека најголемата вина за последните случувања и нарушените меѓуетнички односи ја имаат политичарите кои своите интереси ги ставаат пред се друго.
„Македонија, вклучувајќи ги Албанците се наоѓа пред историско искушение за влезот во ЕУ и НАТО. Затоа во овие моменти треба да бидеме влијателни за состојбата, затоа што од ова зависи иднината на нашата земја, на идните генерации. Во спротивно сите политички партии ќе бидат одговорни за состојбата што ќе следува. Крајно време е секој сериозно да ја сноси одговорноста“, вели претседателот на здружението на Албанци интелектуалци, Авзи Мустафа.
И граѓаните кои живеат во мултиетнички средини велат дека политичарите се тие кои ги создаваат тензиите, а дека луѓето живееле и ќе продолжат да си живеат еден со друг во добри односи.
„Политичарите ги прават.“
Тензиите ги прават само политичарите.