Достапни линкови

Жан Клод Шлумберже, амбасадор на Франција во Македонија


Жан Клод Шлумберже
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:47 0:00

Амбасадор на Франција во Македонија

Важно е да има билатерални разговори на сите нивоа меѓу двете земји, вклучително и највисокото ниво. Тоа би овозможило да се создаде подобра клима на доверба и овозможува исто така сигурно да се оди кон решение. Но, ќе повторам, времето е кратко, но не е доцна за европскиот Совет во јуни под услов да постои силна воља.

Г-не Амбасадоре, го разбирате ли оптимизмот на шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос, дека Македонија би можела да добие датум за преговори со Унијата до крајот на јуни?

Да видиме што кажа г. Моратинос, тој рече дека се уште има време да се стигне до компромис за прашањето за името и според тоа што јас го добив, г. Моратинос констатираше дека постои воља да се стигне до решение како од македонска така и од грчка страна. И мислам дека на тоа го темели неговиот оптимизам, и во таа насока е во право што е оптимист. Едноставно, времето почнува да се стеснува и за жал мислам дека како ќе одминува времето се помалку ќе можеме да бидеме оптимисти.

Очекувате ли нешто посериозно од наредната рунда преговори на медијаторот Нимиц со преговарачите од двете страни? Наредната средба се најавува за крајот на овој месец а тоа е само еден месец пред истекот на јунскиот рок?


Ништо не е невозможно доколку постои политичка воља. Мислам дека е неопходно да се продолжат преговорите под покровителство на ОН со медијаторство на г. Нимиц. Не ги знам тајните од преговорите, кои и онака по дефиниција треба да останат дискретни, но јас им верувам на преговарачите. Имено, важно е да има билатерални разговори на сите нивоа меѓу двете земји, вклучително и највисокото ниво. Тоа би овозможило да се создаде подобра клима на доверба и овозможува исто така сигурно да се оди кон решение. Но, ќе повторам, времето е кратко, но не е доцна за европскиот Совет во јуни под услов да постои силна воља.

Постои ли можност да се одвојат процесите, или евроинтегративниот процес да се деблокира без да се дојде до компромис за името?

Јас би се навратил на заклучоците од европскиот Совет во декември 2009 кои се мошне јасни. Постојат прецизни услови за приближувањето кон Европската Унија, Копенхашките критериуми. Беше констатирано дека вашата земја ги исполнува овие критериуми, Франција се согласи со тоа за време на декемвриската средба бидејќи таа ја поддржа препораката на Комисијата за отпочнување на преговори. Но сепак останува фактот дека покрај тоа, останува политичкото прашање, што значи дека секоја етапа во приближувањето кон пристапување на земја кандидат треба да биде одобрена на политичко ниво и тоа едногласно од страна на 27-те земји членки. Така што , добро знаеме дека точката на блокирање на тоа одобрување се наоѓа во прашањето за името. Значи, за жал иако е мошне јасно дека не постои правна врска помеѓу овие две работи, тука е политичката пречка за тоа билатерално прашање.

Гледате ли опасност во тековните преговори за името да биде загрозен националниот идентитет?

Не е мое да судам. Сметам дека преговорите се однесуваат на името. Вашата земја има право на свој национален идентитет, целосно право, како впрочем и секоја друга земја којашто има право на свој идентитет, и тоа е јасно. Знаете, во моментот во Франција се прави голема дебата за националниот идентитет, никој не може да оспори нешто такво. Се разбира дека на вас е да го развиете тој концепт на национален идентитет преку вашите национални институции и дијалогот помеѓу сите заедници кои ја сочинуваат вашата земја. Да се навратам уште еднаш на заклучоците од декемврискиот Совет, се работи токму за името или како што веќе е познато на англиски "The name issue".

Дали вие го разбирате целото прашање како спор којшто би се решил со наоѓање компромис за името или тука гледате преговри коишто би продолжиле и за ново именување на нацијата и јазикот?


Тоа се дебати кои излегуваат целосно од мојата компетентност. Лично сметам дека се води дебата за името, етикетата што се става на седиштата во Обединетите Нации, на програмите, а остатокот се поими кои излегуваат од рамката на името. Истите се разбира дека вреди да се дискутираат, но не мислам дека тоа е предмет на мандатот кој е даден за да се изнајде решение. Тоа не е предмет на анализа за нас, за Франција, ние го посакуваме нај едноставното и најјасното можно решение кое им одговара на двете страни . Но се разбира нема да навлезам во теренот на јазичните финеси на кирилица или латиница, тоа ќе им го оставам на други и сигурно по компетентни личности да го одлучат.

Во меѓувреме, меѓународните претставници во змејава, меѓу кои и Вие, покажавте загриженост околу спроведувањето на реформите, посветеноста на Охридскиот договор, политичкиот дијалог. На што се должат ваквите реакции?


Да, постојат причини да бидеме загрижени. 2009-та година беше многу добра година. Година кога имаше значајни напредоци во реформите, дијалогот и политички консултации со граѓанското општество во оваа земја, и истото беше предочено и во извештајот за напредок од 14 септември лани кој беше многу позитивен. Од почетокот на годината, ние, и тука мислам на меѓународната заедница како што и вие предочивте, морам да кажам дека имавме неколку мотиви за незадоволство. Во доменот на реформите, на пример, ни се чини дека има некои закони кои беа усвоени а не соодветствуваат со европските стандарди. Тука пред се мислам на законот за водите и законот за антидискриминација. Фактот дека сексуалната ориентација не е спомната како еден од мотивите за дискриминација е нешто што целосно се спротивставува на европските стандарди, дотолку повеќе по Лисабонскиот договор кој ја прави обврзувачка Повелбата за основни човекови права. Дури и земјите од актуелната европска Унија кои имаа свои резерви за овој поим се обврзани да ги ажурират своите национални законодавства. Што значи дека и вашата земја ќе биде принудена истото да го направи и затоа е штета што ја испушти оваа фаза. Што се однесува на политичкиот дијалог и тука гледаме дека постојат потешкотии што мошне добро се гледаат во Собрание. Истото се гледа и кога зборуваме за вклучување и дијалог со надворешни организации, организации на општеството. Сето тоа, ни се чини непријатно и би жалеле доколку тоа има негативни последици врз идниот извештај за напредок на европската Комисија. И што се однесува на Охридскиот договор и неговата имплементација, и тука мислиме дека атмосферата не е најдобра. Постојат меѓуетнички тензии кои се анимирани од полемики, теми кои се деликатни, слушнавме повици за насилни опции, и сето тоа не е добро. И токму затоа следеше таа официјална изјава на четирите главни претставници на меѓународната заедница. Треба да бидеме претпазливи и сите да покажат силен дух на одговорност. Дозволете ми да додадам уште нешто, со голем интерес ги следев и изјавите на Вицепремиерот г.Наумовски за вољата на Владата да ја продолжи реформата во перспектива на европската интеграција и ќе кажам дека тоа е на мое големо задоволство сега очекуваме да видиме што ќе следи.

Еден од Вашите први интереси кога дојдовте во земјава беше слободата на медиумите. И деновиве имаше токму препукувања меѓу власта и опозицијата на сметка на тоа. Па ме интересира Вашата оценка на слободата на медиумите во земјава.


Слободата на медиумите е еден од основните политички критериуми и меѓу Копенхашките критериуми, бидејќи преку слободата на медиумите ви се дава начин да ја исполнувате демократија. Оттука е важно таа слобода да биде испочитувана, но за тоа се потребни неколку услови. Потребно е да постојат независни институции за контрола, како што е Советот за радио дифузија во оваа земја, чиј што претедател го сретнав веднаш по моето пристигнување тука, бидејќи е значајно тоа да се направи. Исто така, потребна е непартизирана администрација. Тука би додал дека тоа е еден од приоритетните столбови на француската соработка во оваа земја, и отприлика една третина од нашите средства за соработка се посветени на обука на македонската администрација. Друг услов е и професионализација на медиумите. Многу е важно новинарите и уредниците да бидат одговорни. И тука Франција дава свој придонес, бидејќи имаме програма за покана на новинари од сите тенденции, од сите заедници кои ги праќама редовно во Франција за да остварат контакт и со нивните француски колеги. Се надевам дека преку ова и ние земаме удел во одржувањето на тој позитивен дух кој треба да владее во таа професија.

На што се должи слабата заинтересираност на француските инвеститори за вложување во Македонија?


Да, тоа е прашање кое што и јас си го поставив речиси веднаш по моето пристигнување тука. Бев фрапиран од слабото ниво на француски инвестиции, кој не соодвествува со доброто ниво на политички дијалог и културна и институционална соработка меѓу нашите две земји. Е сега зошто е тоа така? Полека ги собирам елементите кои би довеле до одговор. Најнапред, мислам дека е сигурно, и не треба да се крие дека вашата земја е непозната во Франција. Тука е и улогата на јавните власти, на Амбасадорите, јас самиот штом ми се даде прилика го правам но и мојот колега, и Амбасадорот на Македонија во Франција, кого го сретнав во Париз се согласува дека треба да се оди на целата територија на Франција, да се убедуваат претприемачите, стопаските и индустриските комори за предностите кои се нудат во оваа земја. Тоа е првиот аспект а вториот се разбира е кризата од 2007, каде многу претпријатија се ставија во положба на чекање. Ова го увидов и во Париз при посета на специјализираните организации, но сепак се наведува враќање и раст на францускиот бизнис, кои би биле порасположени да дојдат. Можам да ви кажам дека доаѓам од состанок со голема француска групација која е заинтересирана за Македонија во рамките на нивна регионална имплантација. Значи се надевам оваа тенденција да се подобри во скорешно време.
XS
SM
MD
LG