Националните обележја на една земја се знамето, грбот, химната и етничките обележја кои вековно го претставувале и симболизирале народот, тука спаѓаат и јазикот, територијалниот интегритет и името на државата. Но, во последнииве години се повеќе се чувствува поделеноста на граѓаните и општеството на политички, институционален, етнички, верски, економски и социјален план. Поделбите по неколку клучни основи на предавници и патриоти, опозиција и власт, за името и против името, за евроатланска интеграција и против неа се се позиразени меѓу граѓаните. Најодговорни за вкупните состојби во земјата, и за успесите и за неуспесите според експертите се политичките партии, но грешките најчесто ги плаќа народот, бидејќи тие директно влијаат врз нивниот живот.
Досега најизразена разединетост
Комуникологот Петар Арсовски вели дека се поголемата поделеност на општеството е поради економската и политичката криза во која се наоѓа земјата и која е досега најизразена од осамостојувањето на Македонија.
,,Нормално е таа фрустрација која што се јавува за време на криза да го подели општеството. Ние реално имаме општество кое е поделено во врска со евроатлантските интеграции, економијата, политичките прашања, по една суштинска оска, а тоа е прашањето за името. Тоа раѓа последици на поделба во сите други слоеви."
Според социологот Хисен Јашари проблемот е во поради политичките партии, кои своите несогласувања за важните прашања, кои ја тангираат државата ги пренесуваат на граѓаните.
,,Тоа што граѓаните неможат да се сложат да бидат единствени по важните прашања кои се од значаен интерес за државата е резултат на тоа што политичките елити се неединствени, немаат јасна визија и затоа се случува дезориентираност на граѓаните."
За политичкиот аналитичар Владимир Божиновски нормално е во едно демократко општество да има поделеност во ставовите и во размислувањата кај луѓето и таквиот тренд е присутен во сите земји. Но тој се сложува дека за одредени проблеми има појава на голема разединетост.
,,Нормално е дека за особено важни прашања дека има определено радикализирање, каде што спротивностите се повеќе се кристализираат и каде што се повеќе се одалечуваат едниот и другиот став, особено кога станува збор за некои прашања кои се исклучително важни каде што ставовите се многу различни."
Поранешниот премиер и пратеник во парламентот на опозициската СДСМ, Владо Бучковски вели дека не памети поголема подвоеност на општеството од оваа што ни се случува денес.
,,Значи, ако бевме загрижени дека етничката поделба и покрај носењето на Рамковниот договор е наша реалност, се плашам дека денеска имаме посериозна поделба не по етничка линија, туку по партиска линија, посебно меѓу Македонците."
Според пратникот на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, Александар Спасеновски поделбата меѓу граѓаните не отстапува од ситуацијата во која се наоѓаат и другите демократски земји.
,,Република Македонија е демократска држава и како таква логично е граѓаните да се организираат водејќи сметка за сопствениот интерес."
За граѓаните виновни се политичарите
Граѓаните потврдуваат дека како никогаш досега нема единство меѓу нив, а за таквата состојба се виновни политичарите, кои ја подгреваат атмосферата.
,,Мислам дека политичките партии се највиновни. Било која да е, не е важно дали ВМРО ДПМНЕ, дали СДСМ."
,,Поради политички интереси тоа го прави СДСМ, тие по цена да се на власт и да ја ,,искоцкаат" државата, прават раздор меѓу граѓаните."
,,Политиката е таква, луѓето се тие, без нив неможе политика да се води и преку нив се манипулира. Немаат доволно политичка култура, имаме луѓе што лесно се манипулираат."
,,Тоа е нормално, тоа е партиски, нормално е."
,,Има поделба и тоа голема, нема кој да ги ,,потегне" да се најде некој човек како што беше Лех Валенса, да има некој таков човек, граѓаните би се кренале."
Арсовски вели дека причината е во недостигот на политички дијалог меѓу партиите, бидејќи тие се единствените кои можат граѓаните да ги обединат или разединат, околу некое прашање.
,,Сметам дека најголемиот дел од недостатокот на политички дискурс, треба да се препише кај партиите бидејќи тие се тие што го водат политичкиот дискурс што можат или да ја поларизираат јавноста или да ја сплотат."
Бучковски смета дека проблемот е во владејачката гарнитура, која ја започна политиката на етикетирање на граѓаните.
,,Начинот на кој владее ВМРО ДПМНЕ и етикетирањето на ,,предавници и на патриоти" на ,,безбожници и почитувачи на христијанството" на ,,антички Македонци и словени" не доведе во една ситуација каде што неможе да се сокрие пизмата која владее меѓу оние кои не припаѓаат на една или на друга политичка партија."
Има вина и кај медиумите
Божиновски пак вината освен кај политичарите ја лоцира и кај медиумите.
,,Затоа што едните го претставуваат самото прашање и заземаат став, другите го пренесуваат исто така заземаат еден свој став и тоа серефлектира на граѓаните кои бираат едноставно кој став ќе го прифатат, колку повеќе се радикализираат спротивностите во ставовите толку повеќе ќе се радикализираат и самите граѓани."
Спасеновски вели дека постои единство меѓу сите политичките партии и граѓаните во земјата околу најважните приоритети - евроатланската интеграција на Македонија, економскиот развој и унапредувањето на етничките односи.
,,Мислам дека интеграцијата во ЕУ, во НАТО, економскиот развој на државата и натамошниот развој на меѓуетничките односи се најмалиот заеднички содржател помеѓу сите политички партии, помеѓу сите граѓани во Македонија што ни дава за право да веруваме дека сепак постојат еден круг на прашања кои можеме да ги дефинираме како македонски национален, односно македонски државен интерес, значи остварување со својата воља, со својата работа од сите политички партии во Македонија, а со тоа поддржаност од граѓаните."
Бучковски вели дека ВМРО ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски играат на картата на популизам и национализам меѓу граѓаните, бидејќи тоа краткотрајно ќе им донесе корист, но на долга патека тоа ќе има катастрофален епилог за иднината на земјата.
,,Македонија реално се соочува со катастрофата во која се најде по пет години владеење на Груевски. Безперспектива, со веќе изгубен идентитет, не со сочувано име, со крајно поларизирано општество каде што од ден на ден гледаме дека толеранцијата е на исклучително ниско ниво, всушност најдобро за тоа веројатно говори тоа што секој од нас го гледа секојдневно околу себе."
Решение - политички дијалог
Јашари смета дека политичките партии мора да го унапредат политичкиот дијалог и да создадат стратегија за решавање на проблемите.
,,Ако не се отвори еден сериозен дијалог меѓу политичките елити, на некој начин да изградат сериозна стратегија како да се оди понатаму и како да се решаваат крупните прашања во општеството мислам дека ќе дојдеме во една ситуација ,,анемија на општеството" кога тоа се дезорганизира на економски, социјален и на политички план."
И според Арсовски треба итно да се воспостави политички дијалог за да се реши ваквата ситуација, бидејќи никогаш не сме имале капацитет сами да го спроведеме, туку на помош ни доаѓала меѓународната заедница.
,,Мислам дека тоа е првото нешто, мора да ги ослободи граѓаните од таа поделба, мора политичките партии да седнат и да ги отворат своите проблеми јавно, па ако ништо друго преку јавен дијалог поделеноста да се свати како политички опонент, а не како политички непријател."
Се почеста е и појавата кај граѓаните јавно и отворено да го изразат своето незадоволство од одредените општествени појави во земјава, а ваквиот тренд го забележа и меѓународната заедница. Според истражувањата на некои невладини организации две третини од граѓаните стравуваат да ја критикуваат власта, бидејќи мислат дека тоа ќе има последици по нивното работно место, па дури очекуваат и да бидат приведени. Одговорите на испитаниците покажуваа дека околу 49 отсто од нив сметаат дека ќе имаат законски поледици ако го критикуваат премиерот, 48 отсто ако критикуваат некоја политичка партија, а 45 отсто доколку кажат лош збор за претседателот и Уставниот суд.
Досега најизразена разединетост
Комуникологот Петар Арсовски вели дека се поголемата поделеност на општеството е поради економската и политичката криза во која се наоѓа земјата и која е досега најизразена од осамостојувањето на Македонија.
Нормално е таа фрустрација која што се јавува за време на криза да го подели општеството. Ние реално имаме општество кое е поделено во врска со евроатлантските интеграции, економијата, политичките прашања
,,Нормално е таа фрустрација која што се јавува за време на криза да го подели општеството. Ние реално имаме општество кое е поделено во врска со евроатлантските интеграции, економијата, политичките прашања, по една суштинска оска, а тоа е прашањето за името. Тоа раѓа последици на поделба во сите други слоеви."
Според социологот Хисен Јашари проблемот е во поради политичките партии, кои своите несогласувања за важните прашања, кои ја тангираат државата ги пренесуваат на граѓаните.
,,Тоа што граѓаните неможат да се сложат да бидат единствени по важните прашања кои се од значаен интерес за државата е резултат на тоа што политичките елити се неединствени, немаат јасна визија и затоа се случува дезориентираност на граѓаните."
За политичкиот аналитичар Владимир Божиновски нормално е во едно демократко општество да има поделеност во ставовите и во размислувањата кај луѓето и таквиот тренд е присутен во сите земји. Но тој се сложува дека за одредени проблеми има појава на голема разединетост.
,,Нормално е дека за особено важни прашања дека има определено радикализирање, каде што спротивностите се повеќе се кристализираат и каде што се повеќе се одалечуваат едниот и другиот став, особено кога станува збор за некои прашања кои се исклучително важни каде што ставовите се многу различни."
Поранешниот премиер и пратеник во парламентот на опозициската СДСМ, Владо Бучковски вели дека не памети поголема подвоеност на општеството од оваа што ни се случува денес.
Значи, ако бевме загрижени дека етничката поделба и покрај носењето на Рамковниот договор е наша реалност, се плашам дека денеска имаме посериозна поделба не по етничка линија, туку по партиска линија, посебно меѓу Македонците
,,Значи, ако бевме загрижени дека етничката поделба и покрај носењето на Рамковниот договор е наша реалност, се плашам дека денеска имаме посериозна поделба не по етничка линија, туку по партиска линија, посебно меѓу Македонците."
Според пратникот на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, Александар Спасеновски поделбата меѓу граѓаните не отстапува од ситуацијата во која се наоѓаат и другите демократски земји.
,,Република Македонија е демократска држава и како таква логично е граѓаните да се организираат водејќи сметка за сопствениот интерес."
За граѓаните виновни се политичарите
Граѓаните потврдуваат дека како никогаш досега нема единство меѓу нив, а за таквата состојба се виновни политичарите, кои ја подгреваат атмосферата.
,,Мислам дека политичките партии се највиновни. Било која да е, не е важно дали ВМРО ДПМНЕ, дали СДСМ."
Мислам дека политичките партии се највиновни. Било која да е, не е важно дали ВМРО ДПМНЕ, дали СДСМ
,,Поради политички интереси тоа го прави СДСМ, тие по цена да се на власт и да ја ,,искоцкаат" државата, прават раздор меѓу граѓаните."
,,Политиката е таква, луѓето се тие, без нив неможе политика да се води и преку нив се манипулира. Немаат доволно политичка култура, имаме луѓе што лесно се манипулираат."
,,Тоа е нормално, тоа е партиски, нормално е."
,,Има поделба и тоа голема, нема кој да ги ,,потегне" да се најде некој човек како што беше Лех Валенса, да има некој таков човек, граѓаните би се кренале."
Арсовски вели дека причината е во недостигот на политички дијалог меѓу партиите, бидејќи тие се единствените кои можат граѓаните да ги обединат или разединат, околу некое прашање.
Има поделба и тоа голема, нема кој да ги ,,потегне" да се најде некој човек како што беше Лех Валенса, да има некој таков човек, граѓаните би се кренале
,,Сметам дека најголемиот дел од недостатокот на политички дискурс, треба да се препише кај партиите бидејќи тие се тие што го водат политичкиот дискурс што можат или да ја поларизираат јавноста или да ја сплотат."
Бучковски смета дека проблемот е во владејачката гарнитура, која ја започна политиката на етикетирање на граѓаните.
,,Начинот на кој владее ВМРО ДПМНЕ и етикетирањето на ,,предавници и на патриоти" на ,,безбожници и почитувачи на христијанството" на ,,антички Македонци и словени" не доведе во една ситуација каде што неможе да се сокрие пизмата која владее меѓу оние кои не припаѓаат на една или на друга политичка партија."
Има вина и кај медиумите
Божиновски пак вината освен кај политичарите ја лоцира и кај медиумите.
,,Затоа што едните го претставуваат самото прашање и заземаат став, другите го пренесуваат исто така заземаат еден свој став и тоа се
Ако не се отвори еден сериозен дијалог меѓу политичките елити, на некој начин да изградат сериозна стратегија како да се оди понатаму и како да се решаваат крупните прашања во општеството мислам дека ќе дојдеме во една ситуација ,,анемија на општеството" кога тоа се дезорганизира на економски, социјален и на политички план
Спасеновски вели дека постои единство меѓу сите политичките партии и граѓаните во земјата околу најважните приоритети - евроатланската интеграција на Македонија, економскиот развој и унапредувањето на етничките односи.
,,Мислам дека интеграцијата во ЕУ, во НАТО, економскиот развој на државата и натамошниот развој на меѓуетничките односи се најмалиот заеднички содржател помеѓу сите политички партии, помеѓу сите граѓани во Македонија што ни дава за право да веруваме дека сепак постојат еден круг на прашања кои можеме да ги дефинираме како македонски национален, односно македонски државен интерес, значи остварување со својата воља, со својата работа од сите политички партии во Македонија, а со тоа поддржаност од граѓаните."
Бучковски вели дека ВМРО ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски играат на картата на популизам и национализам меѓу граѓаните, бидејќи тоа краткотрајно ќе им донесе корист, но на долга патека тоа ќе има катастрофален епилог за иднината на земјата.
,,Македонија реално се соочува со катастрофата во која се најде по пет години владеење на Груевски. Безперспектива, со веќе изгубен идентитет, не со сочувано име, со крајно поларизирано општество каде што од ден на ден гледаме дека толеранцијата е на исклучително ниско ниво, всушност најдобро за тоа веројатно говори тоа што секој од нас го гледа секојдневно околу себе."
Решение - политички дијалог
Јашари смета дека политичките партии мора да го унапредат политичкиот дијалог и да создадат стратегија за решавање на проблемите.
,,Ако не се отвори еден сериозен дијалог меѓу политичките елити, на некој начин да изградат сериозна стратегија како да се оди понатаму и како да се решаваат крупните прашања во општеството мислам дека ќе дојдеме во една ситуација ,,анемија на општеството" кога тоа се дезорганизира на економски, социјален и на политички план."
Мора политичките партии да седнат и да ги отворат своите проблеми јавно