Достапни линкови

Богати функционери - сиромашен народ


Некогаш ги покажуваа имотите на црвената буржазија на Водно, а сега нивните функцинерите се богатат? Функцинерите се должни, велат од Антикорупциска да пријават промена на имот на над 20 плати но во практика тоа не функционира.


Дајте им власт за да им го видите паметот вели една стара народна поговорка.
Речиси да нема политичка гарнитура за која изминатите години не биле врзани афери за бесправно богатење. Пратеникот Влатко Ѓорчев одамна пишуваше за „Спомениците на црвената буржоазија“, во која ги покажуваше хациендите на тогашните функционери на СДСМ. Сега медиумите се занимаваат со едни нови „споменици“ со имотите на сегашните функционери.
Деновиве осамна податокот дека 350 функционери во последните две години откако дошле на функција се збогатиле, си купиле нови автомобили, станови, им се зголемиле банкарските сметки.

И покрај нашите обиди да добиеме коментар од власта: Дали има бесправно збогатување на нивните функционери? И како ако се докаже дека тоа е вистина, тие ќе се справат со ваквите случаеви? Коментар не добивме.
Меѓутоа оваа пракса досега не е востановена, од почетокот на формирањето на Агенцијата бидејќи немаме точни податоци меѓу УЈП и Државната комисија. Се однесува само на функционерите

Арив Муса од Државната Комисија за спречување корупција вели дека функционерот има обврска да пријави во комисијата ако имаат промена на имотот и тоа повеќе од 20 пати од просечната плата.

,,Меѓутоа оваа пракса досега не е востановена, од почетокот на формирањето на Агенцијата бидејќи немаме точни податоци меѓу УЈП и Државната комисија. Се однесува само на функционерите."

Но, Муса вели дека досега борбата со корупцијата е само декларативна.

,,Останува на тоа само декларативно, а конкретно и реално корупцијата во нашата дражава не е ,,мрдната"."

Дали политичарите се луксузираат на грбот на граѓаните?
Деновиве владин функционер купи и атрактивна локација во центарот на Скопје за изградба на хотел. Од Државната антикорупциска велат дека тие можат да постапат само ако има пријава или ако Комисијата се сомнева дека имотот е бесправно стекнат.
Слаѓана Тасева од „Транспарентност нулта корупција“ вели дека не е грев функционерите да се богатат, но грев е ако тоа го прават на нелегален начин. И ако некој се стекнал со дополнителн приход, пред Управата за јавни приходи, треба да оправда од каде му е имотот и дали е легален.
Господ да те чува од сиромав политичар


,,Има тука можност и за постапка по законот за спречување на корупцијата, но и за кривична доколку се утврди дека постои несразмено богатење."

Граѓаните пак велат дека политичарите мислат само на себе, и се богатат на сметка на луѓето.

,,Господ да те чува од сиромав политичар."

,,Секој си гледа својот дел од колачот да си земе, а нас не ни останува ништо друго."
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG