Достапни линкови

Скромен напредок во битката со корупцијата


Нема значаен напредок во битката со корупцијата и покрај подобрената позиција во извештајот на ,,Транспаренси Интернешнл", велат експертите.

Македонија не постигнала значаен напредок во борбата против корупцијата, се заклучува од податоците од истражувањето на „Транспаренси Интернешнл“ за индексот на перцепција на корупцијата. И покрај тоа што земјава бележи подобрување на позицијата на листата во однос на други земји, индексот покажува незначаен напредок, објаснува претседателот на Транспарентност Нулта Корупција Др. Слаѓана Тасева.
Имаме подобрување во бројот на индексните поени за 0,3 затоа укажувам дека тоа е она што е важно, дека поместувањето е само 0,3 индексни поени, поместувањето на скалата е резултат на тоа дека се дојдени и нови држави, прифатени се нови типови на истражување


,,Инаку реално ние повторно имаме многу мал напредок, ние сме имале 3,6 во 2008 и 3,8 индексни поени во
Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Нулта Корупција
2009 година, значи 0,2 индексни поени, а сме се поместиле само за едно место, а сега имаме 0,3, а сме се поместиле дури за девет места. Затоа велам дека треба да го гледаме резултатот, а не промената на местата."

Евидентна е промената на земјава на ранг листата на меѓународната организација. Лани земјава беше рангирана на 71 место, а годинава го заземаме 62 место на листата земји од југоисточна Европа и централна Азија. Тоа, според Тасева, не може да се смета за напредок бидејки позицијата на одредена земја на листата е зависна и од промените на методологијата и од влегувањето и исклучувањето на други земји од списокот.

,,Имаме подобрување во бројот на индексните поени за 0,3 затоа укажувам дека тоа е она што е важно, дека поместувањето е само 0,3 индексни поени, поместувањето на скалата е резултат на тоа дека се дојдени и нови држави, прифатени се нови типови на истражување, така да сето тоа може да доведе до промена на местото на таа ранг листа според бројот на државите што се таму."

Инаку вреди да се напомене дека индексот за перцепција на корупцијата не се базира на емпириски податоци. Со истражувањето се мери перцепцијата на овој општествено неповолен феномен, имено како испитаниците ја осознаваат корупцијата во нивната земја. Кон ова и методолошката напомена дека врз конечните скорови влијаела и светската финансиска и економска криза.
XS
SM
MD
LG