Согласно последниот ребаланс на буџетот Антикорупциската комисија добива околу 20% помалку буџет. Дали тоа може негативно да влијае врз работата на оваа институција?
Се разбира во последно време и во текот на минатата година, значително и биле намалени средствата со кои располагаат посебно делот за активности коишто се наменети за работа на Комисијата. Знаете дека со законот за спречување на корупцијата таа Комисија има многу големи надлежности и покрај другото може да бара и експертски мислења и може да повикува и одредени експерти кога им требаат подетални информации и сето тоа ги намалува можностите за ефикасно работење на Комисијaта или пак делот што значи инвестирање за подоборување на капацитетите на самата институција, а праксата покажува зборува за меѓународно искуство, дека секогаш кога се сака да се маргинализира една ваква институција се оди на намалување на буџетот и на намалување на можностите за активности и поголеми резултати во работата.
Како ја оценувате улогата на државните институции во борбата против корупцијата?
Мислам дека тука треба да се работи доста, за да се зајакнат капацитетите на тие институции. Што се однесува до законската, правната рамка која што би ја уредила правно можноста за борба против корупцијата, стоиме многу добро, но она што ни недостасува е ефикасноста во имплементирањето на законите и ефикасноста на институциите како пооделно на секоја од институциите за борба против корупцијата, така и нивната взнаемна комуникација и соработка за спроведување на заеднички акции и активности коишто можат да бидат повеќе страни. Значи кога зборуваме за борба против корупцијата неможе да зборуваме само за репресија или водење на кривични постапки, тука е и судирот на интереси, тука е уредувањето на положбата на државните службеници, воведување на системот на кариера и се она што значи можности за превентива како што се воведување на транспарентност со јавните набавки, издавање на дозволи и лиценци итн. Значи многубројни се мерките на кои што треба да се работи и во однос на тоа активностите и резултатите на нашите институции се многу лоши и би рекла дека тие повеќе генерираат корупција отколку што ја спречуваат.
Во јавност не изостануваат забелешките за партизација на јавната администрација. Дали тоа може да влијае негативно на ефикасноста на ова тело?
Партизацијата на јавната администрација е еден проблем што ни се провлекува многу време. Треба да се гради системот на кариера и професионална администрација, за разлика од оној систем што се нарекува споил систем кој што значи поврзаност со политиката, кој е заснован на непотизам и кој што е заснован на некави врски поврзаности по основа на политка, семејни врски кои што се вкоренети во нашата администрација. Нашата администрација е премногу обвитка со политика, внатре за да се влезе во самата администрација е неопходна поврзаност со самата политиката и најчесто после секои избори ни се случува губење на институционалната меморија, на професионалните врски помеѓу институциите затоа што се менуваат луѓето во зависност од политичката припадност и сето тоа ги прави нив не само да неможат да одговорат на потребите на граѓаните, но врските коишто се создаваат пак влијаат на целата понатамошна работа на тие институции и влијаат од таму да произлегува многу корупција која што се јавува во најразлични облици.
Ги споменавте извештаите на Европската Комисија. Какви забелешки можат да се очекуваат во поглед на корупцијата во следниот извештај во октомври?
Јас мислам дека она што повторно ќе ни се случи е дека повторно ќе ни укажат дека имаме многу работа за да воспоставиме ефикасен систем за борба против корупцијата. Повторно ќе добиме препорака за соодветно имплементирање на законите што сме ги донеле, дека борбата против корупцијата треба да се води неселективно и дека таа треба да биде и ефикасна, а не само декларативна, затоа што не гледам дека нешто сме смениле во однос на тоа што беше минатата година или предминатата година кога ги добивме тие критериуми коишто требаше да ги исполниме и мислам дека тоа добро се нотира од страна на ЕК и дека ќе ги добиеме повторно истите забелешки.
Во јавноста има поплаки и за корупција при јавните набавки. Од власта пак најавуваат воведување на електронски систем за јавни набавки, дали воведувањето на едно вакво софтверско решение може да го реши проблемот со корупцијата?
Овие вакви ветувања за градење на некакви софтверски решенија или нови закони ги гледаме постојано во континуитет и порано сме разговарале како да се направи јавните набавки да бидат потранспарентни, секогаш одговорот беше да се смени законот или да се направи софтвер. Кога се направи Бирото за јавни набавки во Министерството за финансии тоа беше целта, секоја јавна набавка да се објавува, а сега кога ќе ја погледнете нивната интернет страна таму нема доволно информации, се обративме за одредени информации и до Комисијата за јавни набавки и таму неможе да се добие информации, значи целиот тој систем е многу недостапен и нетранспарентен и понатаму продолжуваат практиките да се доделуваат тендери на компании поврзани со власта и тоа постојано така ни се случува, значи ништо не е сменето и со право граѓаните приговараат, а тоа многу засилено се чувствува денес кога имаме состојба на економска криза, кога единствените извори на средства на многу компании им се нивните договори или евентуалните договори со владата која што се јавува како најголем инвеститор... И неслучајно тендерите се доделуваат на блиски лица, познати се веќе сите шеми, начинот на кој што се изигруваат тендерските постапки, сето тоа веќе стана јавна тајна и мислам дека само софтверско решение нема да доведе до саканиот резултат.
Како влијае корупцијата на привлекувањето на странски инвестиции кои посебно се актуелни сега со промоцијата на новите економски зони?
Проблемот со корупцијата бил отсекогаш проблем и за странски инвестиции, значи не е незначајно ако во извештаите за состојбата на корупцијата во една држава, се читаат состојби кои укажуваат на нетранспарентни процедури, за нејасни процедури, за потребата од контакти со одредени структури или групи на луѓе, значи сето тоа се работи коишто се многу чувствителни во светот на бизнисот. Сериозните инвеститори не заобиколуваат и тоа многу од далеку, ги гледаме секаде во регионот, но речиси и да не постојат во Македонија. Ние можеме да градиме зони, можеме да создаваме услови или да градиме слика или привид дека градиме добри услови за бизнис и за економија, но лошиот глас многу побргу се слуша и многу повеќе ќе влијае од сознанието дека некаде ќе се изгради некаква зона, ако има нормални услови за бизнис, тоа не е толку голем фактор.