Достапни линкови

Нов модел на одлучување во општина Дебар


Општинската зграда во Дебар
Општинската зграда во Дебар

Во општина Дебар е воведен и нов модел на непосредно одлучување, а тоа е Форумот во заедницата.

Покрај постојните начини на непосредно одлучување на граѓаните на локално ниво, како што се граѓанската иницијатива, референдумот, анкетите, предлозите и граѓанските собири, во општина Дебар е воведен и нов модел на непосредно одлучување, а тоа е Форумот во заедницата. Советот на Единицата на локалната самоуправа Дебар во Статутот, делот за непосредно одлучување гo дополнил со новиот модел на одлучување, по успешно спроведените два Форума во општината кои беа дел од Програмата „Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за развој.
Во Република Македонија ретки се општините што поведуваат јавна расправа со искрена дискусија за донесување на Буџетот, за активностите кои се вклучуваат во Буџетот, а токму тоа е потребно за граѓаните. Посебно ме радува што Советот на општина Дебар донесе одлука и Форумот во заедницата да се вклучи како начин на вклучување на граѓаните во одлучувањето.

„Во општина Дебар се спроведени два успешни Форума, а вториот беше Буџетскиот форум. Во Република Македонија ретки се општините што поведуваат јавна расправа со искрена дискусија за донесување на Буџетот, за активностите кои се вклучуваат во Буџетот, а токму тоа е потребно за граѓаните. Посебно ме радува што Советот на општина Дебар донесе одлука и Форумот во заедницата да се вклучи како начин на вклучување на граѓаните во одлучувањето, покрај другите начини на одлучување“, вели Миодраг Колиќ од Единицата за Кординација на Програмата.

Претседателот на Советот на општина Дебар Низамедин Папранику смета дека новиот начин на непосредно одлучување на граѓаните дава добри ефекти, бидејќи и на двата форума присуството на граѓаните било големо а ефектите се за поздравување.

„Оваа е ново искуство кое многу е ефикасно во воспоставувањето на контактот меѓу Советот и граѓаните но и администрацијата на локалната самоуправа и граѓаните во процесот на донесувањето на Буџетот но и други одлуки. Одлуката на Советот за овој нов начин на одлучување покрај постојните, е донесена едногласно од сите советници“, вели Папранику.

Васка Драшковиќ од ЦИРА (Центарот за институционален развој) со седиште во Скопје, кој беше реализатор на проектот, нагласува дека свој удел во внесувањето на новиот модел на непосредно одлучување на граѓаните има и ЗЕЛС.

„Овој модел дава можност граѓаните да одлучуваат мошне квалитетно на локално ниво и притоа да продонесат во развојот на заедницата . ЗЕЛС истиот модел го прифати и има одредби за внесување на овој начин на одлучување во Статутите на општините, а тоа во Дебар веќе е реализирано.“

Градоначалникот и Советот на Дебар моментално го применуваат новиот модел во јавната дебата која е во тек по предлог буџетот на општината. Граѓаните масовно учествуваат во Форумите и даваат мислења за одредени проекти кои се предложени со предлог буџетот за 2011 година.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG