Инвентивни, креативни, разиграни, сериозни со вистински пораки до себе, до својата генерација и до возрасните, со нескриена желба дека доброто треба да го надвладее злото, група средношколци и основци од Куманово застанаа на театарската сцена. Аматери, а како вистински професионалци го претставија се чини најважниот дел од „Клетници“ на Виктор Иго и предизвикаа и се уште предизвикуваат воодушевување кај повеќе од илјадната публика која во Куманово гласно зборува за нив. Гимназијалецот Мартин Манев, го исклучил компјутерот, се одлогирал од социјалните мрежи, ја режирал претставата, ја поставил сценографијата, заиграл во неа, повлекол со себе и поголема група млади луѓе.
„Ова е едно хоби што е многу продуктивно. Овој интерес ми се појави пред неколку години. Зависноста и љубовта кон театарот се повеќе расте. Со се повеќе искуство дознаваме дека се помалку знаеме и дека уште многу треба да научиме и да иновираме.“
За неговата генерација тој вели:
„Психологијата на мојата генерација - нивото е интернетот и фејсбук, но има и такви кои следат театар, посетуваат и разбираат театар.“
Пораката е:
„Индивидуалниот пример успева, најчесто работите не се менуваат наеднаш, но најважно е дека треба да веруваме.“
А Ангела Стојановска додава:
„Секогаш имаме време да го оставиме компјутерот и да се занимаваме со театарот. Секоја премиера е нова идеја за некоја нова претстава. Потоа дискутираме, иако сум една од оние што не планира професионално да се занимава со глумата. Токму затоа сакам да дадам максимум на сцената.“
Сара Цветковска за времето поминато во театарот вели:
„Многу повеќе ме исполнува да гледам претстави и да играм во театарот.“
Ивана Штериова изненадена од популарноста во нејзината средина додава:
„Чувството на сцената не може да се замени со ништо друго. Прифатени сме многу подобро од очекуваното. Младата генерација ги напушти компјутерите, собата и дојде во театарот. Многу се зборува за нас, за нашата претстава. Ни честитаат и оние што не ги познаваме.“
Кумановци сакаат театар, знаат да препознаат, да почитуваат. За секоја претстава се бара билет повеќе. Во претесната сала на кумановскиот Театар претставата се следи и од нозе. Но, прекрасно е чувството кога тие млади несериозно-сериозни луѓе умеат на соодветен начин со силен аплауз да му дадат поддршка на брилјантниот Владислав Илиќ, на Никола Наковски, Бисера Ристовска, Оља Стојковска, на целата група, на основците од хорот на „Браќа Миладиновци“, а на крајот од претставата сите да застанат на нозе и да им ракоплескаат на нивните врсници, чија игра како што велат, со прекрасни чувства им ги наполнила батериите.
По оваа младинска претстава младите кумановчиња ќе му се вратат на интернетот и на нивните пријатели веројатно ќе им ги пренесуваат импресиите, до некоја следна прилика.
Ова е едно хоби што е многу продуктивно. Овој интерес ми се појави пред неколку години. Зависноста и љубовта кон театарот се повеќе расте.
„Ова е едно хоби што е многу продуктивно. Овој интерес ми се појави пред неколку години. Зависноста и љубовта кон театарот се повеќе расте. Со се повеќе искуство дознаваме дека се помалку знаеме и дека уште многу треба да научиме и да иновираме.“
За неговата генерација тој вели:
„Психологијата на мојата генерација - нивото е интернетот и фејсбук, но има и такви кои следат театар, посетуваат и разбираат театар.“
Пораката е:
„Индивидуалниот пример успева, најчесто работите не се менуваат наеднаш, но најважно е дека треба да веруваме.“
Чувството на сцената не може да се замени со ништо друго. Прифатени сме многу подобро од очекуваното. Младата генерација ги напушти компјутерите, собата и дојде во театарот. Многу се зборува за нас, за нашата претстава. Ни честитаат и оние што не ги познаваме