Љубиша Никодиновски Биш е еден од оснивачите на МОТ, негов долгогодишен селектор и жива легенда на македонскиот театар. Тој целиот свој живот му го има посветено на развојот и промоцијата на Млад отворен театар, манифестацијата која годинава одбележува 35 години од своето постоење и која во меѓувреме израсна во еден од највлијателните и најквалитетни фестивали во овој дел на светот. И, во деновиве на нови возбуди со она што организаторите овојпат како врвен креативен чин ни го нудат под слоганот Продолжи да сонуваш, Биш е овенчан со титулата почесен претседател на манифестацијата.
„Ова признание на одреден начин значи можност, барем така го чувствувам, и за сегашна и за понатамошна соработка и можност сето свое искуство, контакти ширум светот, членство во меѓународни мрежи да го вградам во понатамошниот развој и просперитет на МОТ и се разбира на МКЦ, бидејќи паралелено со МОТ цело време оди и МКЦ.“
Никодиновски потсетувајќи се на почетоците на манифестацијата за која своевремено бил еден од оние кои и го дале името како спој на Отворениот театарски универзитет при Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет и тогашниот Дом на млади ќе забележи:
„Сите овие години во неговата реализација биле вклучени најмалку 50-тина еминенти театарски личности кај нас, сите тие вградиле по некоја тула, некои по цел ѕид во она што денес фестивалот го преставува кај нас и во светот. Зад нас се повеќе од 600 претстави.“
Од друга страна, тој на прашањето дали МОТ како фестивал и во последно време, та и со актуелното издание, е случување кое ја анимира публиката со својата провокативност и авангардност знае да каже:
„Низ селекцијата се проткајува една нитка на театарски концепции, изрази, на еден провокативен театар, на експериментот, од друга страна на големи афирмирани проекти и значајни имиња.“
Ова признание на одреден начин значи можност, барем така го чувствувам, и за сегашна и за понатамошна соработка и можност сето свое искуство, контакти ширум светот, членство во меѓународни мрежи да го вградам во понатамошниот развој и просперитет на МОТ и се разбира на МКЦ, бидејќи паралелено со МОТ цело време оди и МКЦ.