Достапни линкови

Театарски комедии за насмевки кај кумановчани


Куманово
Куманово

Духовитоста на туѓа, но и на своја сметка е епитетот што кумановци гордо го носат со децении. Деновите на комедијата во Куманово вратија многу од насмевките што исчезнаа во транзицискиот период.

Духовитоста или шегобијноста на туѓа, но и на своја сметка е епитетот кој децении кумановци гордо го носеа. Меѓутоа, нискиот животен стандард, невработеноста, беспарицата и сите проблеми кои се неминовна последица на тоа, кај поголемиот број граѓани ја избришаа насмевката и расположението. За ова кумановци имаат свое објаснување:

Колку често се смеете?

-Па,воопшто.
Зошто?

-Гледаш каква е работата.Десет години без работа и без никакви примања. Не сме ниту живи,ниту мртви. Пензионери без пари. Тутункиот комбинат го уништија.Дојдоа арамии и се уништија. Тутунска банка ни зеде 8 милиони евра,ние сме основачи. Ниту сме вработени,ниту невработени. Не сме ниту вработени,ниту невработени.Не примаме ни социјално. На тоа ли да се смееме?
-Не ме тера на смеење.
-Тој ослепе. Шеесет и една година има и нема ништо.
-И јас сум десет години вработен без ништо. Децата на факултет, средно школо,јас со 3.000 денари социјална помош,без здравствено осигурување. Колку може да се преживее со тие пари?
-Не се смеам. Таков сум.
Ништо не може да те насмее?
-Не.Таков сум. Не се смеам.
Велат кумановци кои деновите ги минуваат во безделничење не знаејќи што со себе. И оние кои на импровизирани тезги на секој агол во градот нудат дребулии од кои пак малку има заработувачка. И не им е до смеење.
За среќа сеуште има и такви кои и најмала работа може да ги орасположи и да им го разубави денот.
-Јас сум ведар човек по природа и покрај сите обврски и наоѓам некоја ситница што ќе ме орасположи и насмее, зашто тоа дава нова енергија. И подобро се чувствувам,иако во овој живот многу малку има ситници за орасположување.Сепак човекот самиот треба да си ги бара.
-Можеби нешто дома да се размести,некоја ситница да се купи и да го подобри расположението, кои сам треба да си ги бараш за да можеш да продолжиш со работа.

Сепак,12-тиот меѓународен фестивал на театарски претстави Денови на комедијата и годинава предизвика голем интерес. Кумановци како со душа да ја очекуваат оваа манифестација во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“,која колку-толку ќе ги оттргне од секојдневието и времето поминато на претставите ќе им го врати доброто расположение. Затоа тие се грабаат за билетите и како што велат и последниот денар би го дале да одгледаат комедија.

„Оваа година има добри комедии како од земјава така и од странство и тоа е причината што ги има во поголем број,“

вели Роберт Павлевски директор на Центарот за култура.
А кумановци по овој фестивал како и изминатите години до сега ќе си прераскажуваат реплики од претставите,ќе се насмевнуваат до следната манифестација,не губејќи ја надежта дека животот ќе им биде за нијанса подобар.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG