Достапни линкови

Можности за младите?


Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт тврди дека секој образован млад човек може да дојде до работа. Дали на македонската младина и` се нуди повеќе одошто се чини?


До работно место доаѓа секој млад човек кој што вложува во своето образование, формално и неформално. Најлесно добиваат работно место профилите на млади луѓе кои имаат високо образование. За да не постои сомнеж, изјавата е дадена за состојбите во Република Македонија. Податок кој се противи на оваа констатација на директорот на агенцијата за млади и спорт Диме Спасов е фактот што 20.434 лица со високо образование, заедно со 288 магистри и 22 доктори се без работа. Дополнително, според

Поголем број, околу 60 проценти, не веруваат дека можат да влијаат врз политиките на властите, односно се чувствуваат немоќни дека можат да променат нешто.

истражувањето на Младинскиот образовен форум, речиси половина од запрашаните млади луѓе, имено 45 проценти од средношколците, би сакале да ја напуштат земјава. Извршниот директор на организацијата Марјан Забрчанец вели дека меѓу другото, средношколците не чувствуваат дека се вклучени во општеството

„Поголем број, околу 60 проценти, не веруваат дека можат да влијаат врз политиките на властите, односно се чувствуваат немоќни дека можат да променат нешто во начинот на работење на властите. Тоа, пак, од друга страна говори дека не се доволно вклучени во важните општествени процеси.“

Истражувањето е спроведено на претставителен примерок и потребно е резултатите да се земат предвид наместо да се оспоруваат наодите, смета Забрчанец

„Добро би било институциите сериозно да го разберат овој податок и истиот да биде аларм за нив. Наместо ваквите податоци да се декларираат за невистинити, институциите треба повеќе да се заинтересираат за ова истражување и да размислат кои се причините за ваквите податоци.“

Сепак, ова не е единственото истражување кое покажало дека младите се гледаат себе си како пасивни учесници во општеството. Зоран Илиоски од коалицијата на невладини за млади „Сега“, повикувајки се на други одделни испитувања, презентира слична констатација

„Повеќе од 58 посто од младите се изјасниле дека најголем дел од своето време го поминуваат дома или со своите пријатели во кафичите и кафеаните.“

На неделното интервју со директорот на Агенцијата за млади и спорт Реагираа и посетителирте на нашата интернет страница www.makdenes.org. „На човеков му нудам стотина адреси на мои пријатели кои се по белиот свет“ коментира Петар од Велес. Горан Митевски од Скопје смета дека

Повеќе од 58 посто од младите се изјасниле дека најголем дел од своето време го поминуваат дома.

доволно е да се разговара со десетина ученици и студенти и додава дека седумдесет проценти ќе одговорат дека основна цел им е да бегаат од земјава. Што се случува со оние кои го виделе „белиот свет“ па се вратиле? Се соочуваат со провлеми при вработување, вели Антоанета Иванова, претседател на невладината „Млади Инфо“ и додава:

„Како се прави селекцијата на оние кои се вработуваат, сепак го оставам на работодавачите. Сепак, сметам дека голем дел од младите во земјава кои што се враќаат, би требало малку повеќе да се посветат на самовработување.“

Инаку, лани во медиумите се пласираа проценки дека осумдесетина проценти од младите високообразовани кадри сакаат да си ја побараат среќата во странство.

XS
SM
MD
LG