Доктор Мохамед Ел Барадеј, лауреат на Нобеловата награда и дипломат од меѓународен ранг е човекот зад кој застанаа секуларната опозиција и Муслиманското Братство.
За него, аналитичарите, велат дека може да послужи како фигура на обединување во време на потенцијална транзиција.
Тој истовремено е кандидат кој би можел да биде поприфатлив за Западот од досегашниот сојузник, претседателот Хосни Мубарак, арапски лидер кој соработуваше со Израел.
На вжештената востаничка сцена на отпорот и среде хаосот, како што пишува Њујорк Тајмс, Ел Барадеј и пркоси на владата и на полицискиот час придружуван од илјадниците демонстранти во Каиро.
Ќе има ли „нова ера“ во Египет?
„Дојдов денеска да ви се придружам на најсреќниот ден во нашите животи. Денеска можам сите да ве погледнам во очи. Денеска како Египќани си ги повративте своите права на живот и слобода.“
Она што го започнавме, не може да се промени, вели Ел Барадеј кој најави дека доаѓа нова „нова ера“ во Египет по 30-годишната диктатура на Мубарак.
Тој, исто така, ја критикуваше администрацијата на Обама, кога државниот секретар Хилари Клинтон порача дека Мубарак треба да создаде транзициска политички отворена власт воздржувајќи се да го повика Мубарак да даде оставка. Тој пристап, според д-р Ел Барадеј, е неуспешна политика која го поткопува американскиот кредибилитет. Хилари Клинтон сепак порача:
„Пораката на Америка е козистентна. Ние сакаме да видиме слободни и фер избори и ние очекуваме тоа да биде еден од резултатите на она што се случува сега.“
Египет во хаос
Во меѓувреме Египет е во хаос. Грабежи, затвореници на слобода... Се случува ли заговор од страна на безбедносните структури, таканаречено „Сценарио на хаосот“? Се јавува дека граѓаните се организираат во одбрана на сопствениот имот и безбедност. Повеќе земји организираат летови и ги евакуираат своите граѓани.
Пред Египет се многу отворени прашања. Колку е силна е подршката кај народот за Мохамед Ел Барадеј и ќе успее ли тој во преговорите со претседателот Хосни Мубарак и војската?
Војската е најмоќната институција во Египет и вградена е длабоко во сите аспекти на животот во Египет. Чувствата кон Ел Барадеј се измешани. Едни го гледаат со симпатии, за други е странец кој не живее во Египет.
Моќното муслиманското Братство соопшти дека е свесно за чувствителноста на западот кон исламистите и е дел од опозициониот фронт.