Достапни линкови

Ќе се прошири ли туниската „Јасмин Револуција“?


Претседателот избега во Саудиска Арабија. Новата интернет генерација во регионот бара многу повеќе од животот.

Саудиска Арабија соопшти дека избеганиот Претседател на Тунис Зине ел Абидин Бен Али и неговото семејство пристигнале во ова кралство. Според саудиската агенција СПА, Бен Али пристугнал изутрината во Саудиска Арабија по големите насилни протести во Тунис поради невработеноста и корпцијата. Бен Али беше на власт 23 години.
Во меѓувреме, премиерот на Тунис Мухамед Гануши соопшти дека ја презема власта како привремен претседател.

„Премиерот ја презема контролата согласно членот 56 од Уставот на Тунис. Тоа е времено пренесување на власта. Како и да е, изгледа дека луѓето не очкеуваат дека претседателот Бен Али ќе се врати во земјата“, изјави Мишел Дан, аналитичарка на Карнеги институот за мир и уредничка на интернет весникот Арапски реформи.

Премиерот Гануши

Премиерот Гануши вети дека ќе го почитува Уставот и ја повика армијата да ги врати редот и мирот во Тунис.

Претходно, туниските медиуми јавија дека претседателот Бен Али ја распуштил владата и прогласил вонредна состојба.

Во демонстрации во Тунис имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата, а во нередите загинале повеќе од 70 лица.

„Тунис страда од истите проблеми како и други земји во регионот. Тие имаат многу млада поуплација. Од една страна таа е способнма да работи и да ја прехранува старата популација. Но треба да се најде работа за тие млади луѓе. Тие исто такла бараат поголеми слободи и права, како и политичко учество“, вели Мишел Дан, аналитичарка на Карнеги институот за мир на прашањето дали оваа туниска, како што некои ја нарекуваат Јасмин Револуција, може да се пренесе и во соседните земји.

Бен Али на врот на моќта

Таа смета дека младите во Северна Африка и Блискиот Исток сега растат со интернет, со сателитска телевизија и тие бараат многу повеке од нивните влади.
Слични протести веќе се случија и во Јордан и Алжир, но засега, според Дан, нема знаци дека работите ќе отидат толку далеку како во Тунис.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG