Гласањето кое започна вчера ќе трае цела недела, а е резултат на мировниот договор од 2005 со кој заврши децениската граѓанска војна меѓу главно муслиманското население и христијанскиот југ.
Во конфликтот меѓу северот и југот во оваа најголема африканска земја загинаа 2 милона, а беа раселени 4 милона луѓе претежно од југот на Судан. Токму затоа суданскиот лидер од југот на земјата Салва Кир изјави:
„Ова е историски момент кој луѓето во јужен Судан го чекаа. Апелирам луѓето да бидат трпеливи. Ако не можеле да гласаат денеска имаат повеке денови за таа можност.“
Претежно христијанскиот југ во Судан кој е еден од најсиромашните региони во светот бара независност од арапскиот муслимански север. Тие ги обвинуваат муслиманите за дискриминација. За да биде успешен референдумот потребно е просто мнозинство и над 60 насто излезност на гласачите.
Повекето од гласачите кои се за независност креваат рака, а тие што се за единство плескаат со рацете.
Резултатите се очекува да бидат објавени во февруари. Новата 4-милионска држава се очекува пак да биде инаугурирана на 9 Јули.
Претседателот на Судан против поделбата
Суданскиот Претседател Омар ал Башир ги повика гласачите да ја отфрлат независноста. Според него, на југот има многу проблеми, таму има војна од 1959 и не може да се формира власт и држава.
Аналитчарите стравуваат дека насилство е можно на спорните погранични точки и региони како на пример Абеи, но поранешниот американски претседател Џими Картер кој е набљудувач на југот е оптимист дека резултатите ќе бидат прифатени мирољубиво. Тоа го мисли и поранешниот прв човек на ОН Кофи Анан.
„Повекето луѓе сакаат да ја одбегнат војната. Доста им е од војни. Историјата не учи дека непријателствата не траат вечно и тоа е можно да се случи и тука во Судан.“
Еден од поборниците за независност на југот на Судан е и американскиот глумец Џорџ Клуни кој исто така е во Судан заедно со Кофи Анан и Џими Картер.

Ова е историски момент кој луѓето од југот го чекаа.