Пред педесет години Унагрија и се спротивстави на инвазијата на советската армија.
Пред дваесет години, пак, токму оваа земја го предизвика паѓањето на Берлинскиот ѕид со тоа што им дозволи на источногерманците транзит кон тогашната Западна Германија.
Деновиве Унгарија стана претседавач на Европската унија што е уште едно достигнување на нејзиниот пат од комунистички сателит во демократска земја.
Премиерот Виктор Орбан вели дека клучен приоритет на ова претседателство ќе биде проширувањето.
„Би сакале да го вратиме поттикот за проширување на Европската унија. Тоа ќе помогне во решавањето на внатрешните работи во новите членки, бидејќи тоа ја зацврстува нивната перспектива. А она што навистина денес и треба на Европската унија е верувањето во нејзината сопствена перспектива.“
Всушност, она што го зборуваат унгарските власти е дека би сакале во наредниве шест месеци да ги затворат пристапните преговори со Хрватска и да поминат новите економски мерки со цел да не се повторат должничките кризи како оние во Грција и Ирска.
Но, многумина во Унијата се загрижени дека Унгарија би можела да биде дорасната за такво нешто.
Пред извесно врема во унгарскиот парламент мина новиот закон за формирање Совет за медиуми чии членови се именувани од владејачката партија на Виктор Орбан.
Советот ќе има право парично да ги казнува медиумите доколку го нарушуваат човечкиот дигнитет и небалансирано известуваат. Исто така Советот ќе има голема улога во регистрирањето на медиумите на што се гледа како на уште еден државен притисок врз слободата на печатот.
Новиот закон остро беше критикуван од новинарите во Унгарија, но и во светот. ОБСЕ и Фридом хаус оценија дека законот ги нарушува стандардите за слободата на медиумите. Новинарот Миклош Харашти вели дека тоа е голем срам за Унгарија:
„Дваесет години откако почна демократијата во ова земја тие повторно го воведоа она што, филозофски кажано, беше најтипична претпоставка на поранешниот еднопартиски режим, дека новинарството постои за да му служи на единството во земјата.“
Централно десничарската партија на Виктор Орбан има двотретинско супер мнозинство во националниот парламент и има моќ да го менува унгарскиот Устав, што и го стори за да може да се донесе новиот закон за медиумите.
Ваквиот чекор предизвика загриженост во другите земји на Европската унија, особено поради фактот што Унгарија сега е претседавач на Унијата.
Впрочем целата оваа година со Унијата ќе раководат екскомунистички земји, а по Унгарија доаѓа Полска.
Во Брисел веќе побараа од Будимпешта повторно да размисли во врска со новиот закон.
Но, Миклош Харашти вели дека Орбан добро го испланирал тајмингот и смета на тоа дека сегашното претседавање ќе има ублажувачки ефект врз европските критики.

Би сакале да го вратиме поттикот за проширување на Европската унија. Тоа ќе помогне во решавањето на внатрешните работи во новите членки, бидејќи тоа ја зацврстува нивната перспектива.