Достапни линкови

ЕУ со нов претседавач


ЕУ Самит во Брисел
ЕУ Самит во Брисел

Унгарија од 01 јануари 2011 ја наследува Белгија на 6 претседателска позиција на Европската унија. Еден од главните приоритети е евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Белгија, и покрај недефинираната политичка ситуација дома, сепак може да е задоволна со своето претседавње во Европската унија. Под белгиско претседателство беше најден заеднички јазик за клучните прашања за иднината на Унијата како на пример некои измени на Лисабонскиот договор предизвикани од должничката криза во евро зоната. Беше тоа година во која Унијата за прв пат во историјата имаше претседател на Европскиот совет, белгиецот Херман Ван Ромпуј:

„На оваа работа сум само една година и можам да се осврнам врз тие турбулентни 12 месеци. Бевме зафатени со многу важни работи, а една од нив е одржување на стабилноста на еврозоната, а со тоа и на нашата валута. Бевме соочени со историски предизвик. Сега владите треба да ги реорганизираат своите буџети.“

Херман Ван Ромпуј

„Што се однесува до проширувањето, од неодамнешниот собир на европските лидери одржан под белгиско претседателство, беше порачано дека тоа и натаму е во игра. Во таа смисла беа и кандидатскиот статус на Црна Гора, подготвеноста тоа наскоро истото да го добие и Србија и визната либерализација за Босна и Херцеговина и Албанија.“
Што се однесува до проширувањето на ЕУ - тоа и натаму е во игра.

Што се однесува до државите кандидати и другите од Балканот и Турција, белгиското претседателство направи се за да се забрза процесот на нивното пристапување во Унијата, се разбира врз основа на напорите што ги вложи секоја земја посебно, изјави министерот за надворешни работи на Белгија Стивен Ванакере.

Од први јануари, шестмесечно претседавање во Унијата го презема Унгарија која најавува поддршка на проширувањето и стабилноста на Западен Балкан, каде што посебно се издвојуваат нерешните прашања на релација Белгард-Приштина:

Босна - акција ЕУ пасош 23. Декември 2010

„Многу силно заговаравме почеток на овие разговори и бевме разочарани поради нивното доцнење, што е резултат на некои објектвни причини. Би сакале сега разговорите да почнат од најнеутралните, технички прашања, до оние почувствителните, односно статусот. Европската унија ги понуди своите услуги во сето тоа, а и ние како претседавачи во наредниот период“, вели Јанош Мартоњи, министер за надворешни работи на Унгарија и иден претседавач на минстерскиот совет на Европската унија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG