Учесниците на оваа средба главно немаат преголеми очекувања, освен да биде потврдено дека иднината на земјите од регионот е во Европската Унија и оти Брисел, поради некои актуелни проблеми, нема да се реши на застој во проширувањето.
Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Свен Алкалај изјави:
„Мислиме дека ќе дадеме јасна порака за сите земји од Западен Балкан, дека членството во Европската Унија е отворено, а оти Брисел ќе продолжи да дава и стручна и финансиска помош за неопходните реформи. Очекуваме Босна и Херцеговина, како и Албанија, наскоро да се најдат на белата шенген листа.”
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави денеска дека од состанокот Европска Унија – Западен Балкан во Сараево, очекува да биде испратен јасен сигнал дека европската интеграција на регионот не смее да биде запрена. Според Јеремиќ, со претседавачот на состанокот, Шпанија, бил постигнат договор претставниците на Косово да бидат присутни во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.
Портпаролот на хрватското министерство за надворешни работи Марио Драгун, за Радио Слободна Европа, изјави:
„Хрватска, пред се, очекува на Сараевската конференција уште еднаш јасно да биде потврдено дека земјите од Југо-источна Европа имаат своја иднина во Европската Унија. Исто така, тоа ќе биде можност сите земји од регионот да седнат на иста маса и да ја потврдат својата готовност за вклучување во Унијата. Хрватска ќе ги пренесе своите искуства од преговарачкиот процес.”
Според официјална Подгорица, „Црна Гора смета дека ова е многу корисно, со оглед на аспирациите на Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија, бидејки во последно време се зборува за застој“.
„Црна Гора им дава големо значење на регионалните иницијативи и поврзувања”, велат официјални претставници во Црна Гора.
Македонскиот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој веќе е во Сараево, изрази очекување Грција да се откаже од блокадата и да и дозволи на Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.
„Ние секогаш сме расположени да продолжи дијалогот околу проблемот кој Грција го наметна пред 20 години, но сметам дека во духот на ЕУ треба на Грција да и се даде шанса она што реторички го најавува како „Агенда 2014“, со свои дела и постапки да покаже дека е навистина реален проект. Ако е тоа реален проект, тогаш, Македонија е прва земја која може да биде дел од таа успешна приказна што би можела да почне овде во Сараево или на крајот на шпанското претседателство со една одлука која би се донела со консензус дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство”, изјави Милошоски во Сараево.