Достапни линкови

Белгија - техничар на Европа


Летерм и Ванакере во Брисел на 25 Јуни
Летерм и Ванакере во Брисел на 25 Јуни

Белгија на 1 јули го презема ротирачкото претседателство на ЕУ. Земјата е среде политичка криза, но премиерот Ив Летерм се обиде да ги смири неговите колеги од ЕУ, велејќи дека голем дел од дневните активности ќе бидат оставени на централните институции на Унијата. Белгиските приоритети се ограничени на економските перформанси на ЕУ, додека проширувањето и источното партнерство најверојатно ке доживеат застој до 2011 година.

Како што од Брисел јавува Ахто Лобјакас, Белгија ќе го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија од Шпанија со врвни приоритети - економската криза и формирање на нова дипломатска служба на ЕУ, позната како Европска надворешна акциона служба.Таа веројатно ке го одземе најголемиот дел од енергија на ЕУ за надворешна политика во следните шест месеци. Белгискиот министер за надворешни работи Стивен Ванакере изјави дека ЕНАС ќе биде негов главен приоритет.

Стевен Ванакере и колегите од ЕУ во Сопот - Полска


“Верувам дека тоа е од основна важност за улогата и влијанието на Европа во светот, и дека од 1 декември оваа година кога шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон ќе наврши една година во својата работа, оваа надворешна акциона служба ќе биде реалност.“


Службата, предвидена со Лисабонскиот договор, нема да има независна политика и ќе прима налози од 27 земји-членки и ќе ги претвара во единствена политика.


Ништо од проширувањето во следниве 6 месеци?

Како и да е,, ова е веројатно ќе значи многу понизок профил за политиката на проширувањето и источното соседство до 2011 година, кога на сцената ќе стапат Унгарија и Полска. Тогаш се очекува Унијата повторно да се сврти кон Источна Европа за која и шпанското претседателство покажа малку интерес. Проширувањето на Унијата, сепак нема да биде напуштено како политика. Премиерот Ив Летерм, изјави дека иднината на балканските земји несомнено останува во ЕУ . Но, тој фрли студена вода врз надежите на Хрватска за завршување на разговорите за пристап во 2010 година.

„За Белгија е многу важно овие досиеја, како преговарачкото со Хрватска да се третираат врз основа на напредокот што е навистина направен преку преговори. Тоа не е политичка задача што треба да ја направиме.“



Летерм изјави дека Белгија, за време на своето претседателство, ќе биде ’техничар на Европа‘. Имено, Белгија се соочува со проблемот на холандското фламанско мнозинство и француското валонско малцинство. Летерм е чуварот на премиерската функција по изборите на 13 јуни на кои во Фландрија победи партија која се залага за независност но чиј лидер. Сепак, тој вети дека барем засега, земјата ке остане единствена.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG