Достапни линкови

Нема политички азил врз економска основа


Велгискиот Премиер Ив Латерм
Велгискиот Премиер Ив Латерм

Нема апсолутно никакви шанси македонските државјани да добијат азил на економска основа во Белгија, порача белгискиот премиер Ив Летерм по синоќешната средба со премиерот Никола Груевски. Неговата посета на земјава доаѓа откако драстично се зголеми бројот на македонски државјани кои бараат азил во Белгија.

Премиерот на Белгија Ив Летерм, при синоќешната посета на Македонија, порача дека информациите што се шират во земјава за белгиската емиграциска политика се целосно погрешни.

„Мојата земја не доделува политички азил на економски бегалци. Затоа е бесмислено да се патува од Македонија во Белгија за да се бара статус на политички бегалец. Шансите, барателите на азил да добијат азил на економска основа во Белгија се апсолутно непостоечки“, рече Летерм по синоќешната средба со премиерот Никола Груевски во Скопје.
Мојата земја не доделува политички азил на економски бегалци. Затоа е бесмислено да се патува од Македонија во Белгија за да се бара статус на политички бегалец.


Поради лошото време, авионот со кој Ив Летерм вчера требаше да допатува во Скопје, беше пренасочен кон Солун и беше неизвесно дали средбата ќе се одржи или ќе биде одложена за денеска.
Летерм рече дека ќе работат заедно со македонските власти за да се надмине овој проблем и информира дека во последните неколку денови бројот на баратели на азил од Македонија драматично се намалува.

Тој оцени дека проблемите предизвикани од визната либерализација се само инцидент во инаку добрите односи меѓу двете земји.

Белгискиот државен секретар за азил и имиграција Мелкиор Вателе, пак рече дека тој и премиерот Летерм се во превентивна кампања во Македонија. Тој посочи дека во одредени периоди Белгија се соочувала со зголемен број баратели на азил.

„Мора да признаам дека овој пат има огромна промена, зашто само за два месеци имаме барања за азил од Македонија колку во претходните две години“, рече Вателе.

Премиерот Никола Груевски соопшти дека го информирал белгискиот колега за конкретно преземените чекори во насока на намалување на бројот на баратели на азил во Белгија. Тој информира дека владата формираше Комитет за следење на состојбата со визната либерализација. Група на министри ги посетуваат местата од каде што има најмногу баратели на азил и има засилена информативна капмања, рече Груевски.
Само за два месеци имаме барања за азил од Македонија колку во претходните две години


„Исто така, МВР започна проверки за евентуалната вмешаност на туристички агенции и на поединци кои ги доведуваат граѓаните во заблуда, заради лична финансиска корист.“

Премиерот Никола Груевски рече дека се надева дека за време на белгиското претседателство со ЕУ кое почнува на 1 јули, Македонија ќе ги почне претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.
Белгискиот премиер изрази подршка за евроатлантските аспирации на Македонија. Тој рече дека се надева дека ќе има волја и од Македонија и од Грција да се надмине проблемот со името кој ги кочи македонските евроинтеграции.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG