Достапни линкови

Македонија транзитна земја за емигрантите


Авганистански емигранти
Авганистански емигранти

Македонија е транзитна земја за емигрантите велат експертите. Тие објаснуваат дека оваа состојба нема да се промени ни по 19 декември кога ќе настапи визното ослободување .И тогаш земјава ќе биде само транзитна зона, вели професор Владимир Пивоваров. Тој објаснува дека емигрантите најчесто ја користат Грција како земја од која потоа се упатуваат кон други посакувани дестинации.

Македонија е транзитна земја за емигрантите велат експертите. Тие објаснуваат дека оваа состојба нема да се промени ни по 19 декември кога ќе настапи визното ослободување .И тогаш земјава ќе биде само транзитна зона, вели професор Владимир Пивоваров. Тој објаснува дека емигрантите најчесто ја користат Грција како земја од која потоа се упатуваат кон други посакувани дестинации.
Македонија не е посакувана крајна дестинација за емигрантите и не може да се зборува за нивно останување во земјава

,,Знаеме дека прифатниот центар за емигранти во Грција е во Патрас од каде што со бродови се префрлуваат во европските земји. Најблизу им е Италија, но не ретко со таквите бродови илегално се префрлуваат во Англија. Македонија за нив не е посакувана крајна дестинација и не може да се зборува за нивно останување во Македонија“

Само годинава се уапсени повеќе од 30 Авганистанци кое се обиделе нелегално да влезат во земјата, најчесто од Грција. Кон оваа бројка се додава и 29 Авганистанци кои беа уапсени вчера на граничниот премин Богородица. Од МВР велат дека сите емигранти поседувале документи за привремен престој во Грција.

,,Од разговорот со нив дознаено е дека истите платиле 300 до 700 евра по лице на две лица, по нивно кажување по националност Курди, во градот Патрас со ветување дека ќе им организираат превоз до Италија. Дел од нив преку Турција и Иран биле префрлени за Грција“

вели портпаролото на МВР Иво Котевски.

Емигрантите имаат право да побараат азил во земјата. Додека властите одлучуваат дали Македонија ќе им стане нова татковина, емигрантите се сместуваат во прифатниот центар за азиланти во Визбегово. Директорот на центарот, Самка Ибраимовски вели дека бројот на баратели на азил се менува од период во период. Тој објаснува дека тие во центарот имаат добри услови за престој.

,,Во прифатниот центар имаат услови какви што може да има во хотел. Вакви услови нема во ниту еден центар во источниот дел на Балканот“

Експертите велат дека земјата има превземено обврски за гранично обезбедување и контрола на границите и затоа треба да се преземат сите мерки за да се спречи нелегално влегување во земјата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG