Опозицијата во Египет доби голема поддршка откако Нобеловецот за мир Мохамед Ел Барадеи пристигна во Каиро од неговиот дом во Виена:
,,Ќе бидам со луѓето, особено со младите кои ги организираат и спроведуваат овие мирни улични демонстрации. Ќе им дадам политичка и морална поддршка. Тие се мој народ и сакам да видам нов Египет.,,
Меѓутоа по петочната молитва во Каиро Барадеј е ставен во домашен притвор откако им се приклучи на демонстрантите..
Освен него, поддршка за протестите против скоро триесет годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак дојде и од забранетото опозиционо Муслиманско братство, кое досега одбиваше да го стори тоа.
Братството ги повика своите членови да излезат на улиците во што е можно поголем број.
На ова посматрачите гледаат како на клучен момент за демонстрациите кои се инспирирани од револтот во Тунис во овој месец.
Во првите коментари за египетските протести кои почнаа во вторникот, американскиот претседател Барак Обама побара од Хосни Мубарак да спроведе политички реформи.
,,Мојата главна надеж во моментов е дека насилството не е одговор во решавањето на проблемите во Египет. Владата треба да биде претпазлива да не предизвика насилство, а тоа треба да го прават и оние што протестираат на улиците.,,
Тоа го повтори и неговиот портпарол Роберт Гибс кој додаде декаСоединетите држави веруваат оти египетската влада е стабилна, но дека треба да покаже подготвеност да ги сослуша граѓаните кои бараат неопходни политички реформи.
,,Ова не е избор меѓу владата и народот на Египет. Египет и претседателот Мубарак неколку децении се близок и важен партнер на нашата земја.,,
Владејачката Национална демократска партија на Хосни Мубарак веќе соопшти дека сака дијалог, но не понуди отстапки како одговор на барањата за политички промени.
На вчерашните протести во Суец била запалена една полициска станица по што полицијата одговорила со солзавец.
Протести имало и во Гиза, во близина на главниот град Каиро и во Синај каде што дошло и до престрелка меѓу полицијата и бедуините во која загинал еден бедуин, со што бројот на загинатите во досегашните протести во Египет изнесува седуммина.
Се јавува и за илјадници затворени од кои неколку десетици и официјално се обвинети за обид за соборување на власта.
Таа пак вложува големи напори да ги пресече новите интернет социјални мрежи како Твитер и Фејсбук, кои демонстрантите ги користат за брзо регрупирање. И покрај тоа во арапскиот свет се шири бранот протести.
,,Арапските граѓани се лути и разочарни. Тоа е поентата. Значи, името на играта е реформа.,,
Изјави генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса, египјанец кој десет години беше министер за надворешни работи во власта на Хосни Мубарак.
,,Ќе бидам со луѓето, особено со младите кои ги организираат и спроведуваат овие мирни улични демонстрации. Ќе им дадам политичка и морална поддршка. Тие се мој народ и сакам да видам нов Египет.,,
Меѓутоа по петочната молитва во Каиро Барадеј е ставен во домашен притвор откако им се приклучи на демонстрантите..
Освен него, поддршка за протестите против скоро триесет годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак дојде и од забранетото опозиционо Муслиманско братство, кое досега одбиваше да го стори тоа.
Братството ги повика своите членови да излезат на улиците во што е можно поголем број.
На ова посматрачите гледаат како на клучен момент за демонстрациите кои се инспирирани од револтот во Тунис во овој месец.
Во првите коментари за египетските протести кои почнаа во вторникот, американскиот претседател Барак Обама побара од Хосни Мубарак да спроведе политички реформи.
,,Мојата главна надеж во моментов е дека насилството не е одговор во решавањето на проблемите во Египет. Владата треба да биде претпазлива да не предизвика насилство, а тоа треба да го прават и оние што протестираат на улиците.,,
Тоа го повтори и неговиот портпарол Роберт Гибс кој додаде дека
Арапските граѓани се лути и разочарни. Тоа е поентата. Значи, името на играта е реформа.