Достапни линкови

Египет - Ако можеа Тунижаните...


Каиро - протести
Каиро - протести

Денеска трет ден протести во Египет против триесетгодишното владеење на претседателот Хосни Мубарак. Аналитичарите предвидуваат дека пристигнувањето на екс-директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи во земјата значи дека демонстрантите добиваат лидер. САД бараат воздржност од двете страни и владата да покаже слух за барањата на народот.

Демонстрациите во Каиро, во Суец продолжуваат и натаму. Новинските агенции јавуваат за судири меѓу демонстрантите и полицијата во Исмаилија. Во меѓувреме, екс-директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи најави дека ќе допатува во Египет од Виена со цел утре ( петок ) да присуствува на протестите.
Аналитичарите предвидуваат дека неговото враќање може да придонесе кон интензивирање на протестите, кои до сега се одвиваа без лидер. Во Вашингтон, државниот секретар на САД Хилари Клинтон испрати апел до американскиот близок сојузник - владата во Египет да усвои повеќе политички реформи.

Хилари Клинтон

„Ние силно веруваме дека владата на Египет има голема можност да го искористи моментот и да примени политички, економски и општествени реформи со цел да им одговори на легитимните барања на народот на Египет.“

Клинтон побара власта да не ги блокира социјалните мрежи Фејсбук и Твитер преку кои организаторите повикуваа на протести, а двете страни да се воздржат од насилство. На протестите во Египет има некоилку загинати и повеке повредени. Амнести Интернејшнал ги повикаа властите да бидат воздржани кон демонстрантите.
Ел Залекај, млад Египќанец, вели дека потикот за протести во целиот арапски свет стигнал од Тунис.

Јас мислам дека младите Египќани се инспирирани од настаните во
Тунис.




„Јас мислам дека младите Египќани се инспирирани од Тунис каде што беше остранет од власт проминентен диктатор.
Мислам дека многумина велат - заошто тоа да не го направиме и ние тука во Египет.“

Повеќето демонстранти во Египет се млади лица под 30 годишна возраст. Но на протестите се присутни сите категории граѓани - млади и стари, муслимани и христијани.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG